Резултатите на неодамна спроведените истражувања од страна на американскиот портал Статиста покажаа дека најголем број алкохоличари е застапен во сферата на рударството – 17.5 отсто од вработените во оваа приватна гранка признале дека изминатиот месец се опијаниле барем еднаш.
Експертите веруваат дека поврзаноста помеѓу оваа професија и прекумерното конзумирање алкохол се крие во големото ниво на стрес на работното место, како и мрачното опкружување и тешките и ризични услови за работа кои работниците ги поттикнуваат на вртење кон алкохолот.
Погледнете како изгледа листата на десет професии во рамки на кои луѓето најмногу конзумираат алкохол:
- Рударство 17,5 проценти
2. Градежништво 16,5 отсто
3. Угостителство 11,8 отсто
4. Уметност 11,5 отсто
5. Комунални услуги 10,3 отсто
6. Големопродажб 10,2 отсто
7. Менаџмент 9,9 отсто
- Индустриско производство 9,7 отсто
9. Земјоделство, шумарство, лов, риболов 9,4 отсто
10. Недвижности 9 отсто