Daily news
Стаменковска: СДСМ го крати планираното зголемување на пензиите

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ ги лаже пензионерите во Македонија и дека тие нема да добијат покачување од 2.100 денари, туку само 180 денари повеќе.
– Владата на СДС и Заев го кратат планираното зголемување од 5 отсто на пензиите. Тие наместо како досега да добијат 650 денари повисока пензија, сега ќе добијат покачување од 180 денари. СДС пред изборите цело време зборуваа дека нуди подобар живот и еднакво општество за сите граѓани, а сега гледаме како ги понижуваат и како удираат по џебот на 300.000 пензионери. Очигледно дека планот за подобриот живот на СДС важи само за партиските послушници, матните ликови блиски до Заев и за мигрантите – рече Стаменковска.
Таа додаде дека пензионерите никогаш не биле категорија граѓани за која СДСМ водел грижа и претходно кога бил на власт, на пензионерите им укинал по 8 отсто од пензиите, а сега за 4 отсто го укинува планираното покачување.
– За време на СДС на власт просечната пензија беше 7.684, а со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ таа се зголеми на 13.755 денари. Додека ВМРО-ДПМНЕ носеше мерки за подобрување на животот на пензионерите, СДС ги исмеваше. Во време на ВМРО-ДПМНЕ, освен големото покачување на пензиите, се донесоа и низа проекти за пензионерите, како бањско-климатската рекреација, бесплатен превоз со воз за пензионерите, 50 отсто попуст за посета во културните институции, слободен превоз за пензионерите со градските автобуси во главниот град – рече Стаменковска.
– Затоа, овие 300.000 граѓани на Република Македонија на 15 октомври ќе гласат за враќање на својот дигнитет и ќе ја казнат лицемерната и неспособна влада на Зоран Заев и СДС – рече Стаменковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.