Daily news
3 хороскопски знаци кои се родени победници
Сите сакаме да бидеме успешни. Во моментот кога ја добиваме таа желба на небото се појавува планета која ни испраќа посебен знак.
За една личност да биде моќна, славна, силна и успешна мора да има барем три планети кои ја красат и ѝ ја даваат таа моќ. Но, сепак планетата која најмногу со поврзува со успехот е Јупитер.
Покрај Јупитер мора да го имаме енергичниот Марс кој ги активира сите сфери, давајќи волја и, секако, Сатурн без кого не може да се постигне ништо, бидејќи без дисциплина и стратегија сите планови пропаѓаат во вода.
Овен – предодреден за лидер
Овенот пред сè е храбар знак. Ентузијазмот и одлучноста се главните особини на овој знак. Ако сакате нешто да биде завршено, дајте му го нему.
Неговата продорност и проникливост го прават одличен шеф, директор кој секогаш е во некакво движење, а токму таа енергија им ја пренесува на сите во фирмата.
Доследно ги исполнува ветувањата, но истото го очекува и од останатите.
Најмногу мрази лаги, озборувања и предавство. Тој би бил одличен хирург, градежен инженер, војник, офицер, актер или најдобар комичар како што некогаш бил Чарли Чаплин. Тој е љубовник како познатиот Казанова или одличен политичар кој ќе успее во секоја своја замисла.
Затоа, ако се најдете во близина на овој знак знајте дека нема бегање.
Подгответе се за работа и дајте го и последниот атом сила кој го имате, бидејќи само така ќе успеете да победите, но и да освоите поени кај овој знак.
Стрелец – оптимист, аристократ
Владетел на овој знак е планетата Јупитер. Онаму каде се наоѓа оваа планета во нашата натална карта, таму лежи и нашата среќа. Овој знак токму како и неговата планета владетел претставува моќ, успех, уживање…
Стрелците се препознатливи по нивниот млад дух, надворешната убавина, атлетската градба, но и постојаната насмевка на лицето, желбата за патување и добра храна.
Стрелецот е отмен аристократ, кој понекогаш се претвора во нескротлив бунтовник, кој ги почитуваа традициите, но сепак го следи својот пат.
Сепак, соработката со Стрелецот не е баш лесна, бидејќи понекогаш знае да биде многу арогантен и строг.
Животните желби на овој знак се големи, но тој секогаш наоѓа начин да ги оствари. За овој хедонист не постои поголема казна од живот без задоволства и пари.
Јарец – деспот, авторитет
Без оглед колку лоши работи се поврзувале, уште од најстари времиња, со планетата владетел на овој знак, сепак тоа е планетата од која започнал светот.
Јарецот се смета за еден од највлијателните знаци на зодијакот.
Јарецот своите успеси ги должи на својата дисциплина, работа и стратегија, нешта кои ги користи при секоја работа.
Тој е знак кој не се плаши од стресот или загубата на работното место, бидејќи знае дека тоа е местото кое природно му припаѓа. Неговиот авторитет е нешто со кое се раѓа и кое останува засекогаш главна црта во неговиот карактер.
Јарецот е успешен доктор, хемичар, биолог, политичар, банкар, адвокат, композитор, пејач…
Совршен пример за тоа е Елвис Присли роден токму во овој знак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.