Daily news
Купувајте неправилно овошје и зеленчук, големи се шансите да не се ГМО
ГМО храната е поубава, округла, посјајна, со изедначена големина, сјајна боја без модрици и оштетувања, без лузни и знаци на расипување. Во природа не сме сите исти. Некој е повисок, некој понизок, некој крупен, а некој слаб. Истото важи и за природното овошје и зеленчук. Купувајте неправилно овошје и зеленчук, така да се каже, со грд изглед. Гледајте овошјето и зеленчукот да биде со различни бои, големини и форми. Ништо нема да му недостига ако е малку удрено и да покажува знаци дека е навистина живо т.е. да се расипува. На полиците каде што има такво овошје и зеленчук, големи се шансите да не се ГМО.
Купувајте од селаните кои сами ги одгледуваат производите и употребете ги горенаведените совети. И селаните сејат ГМО незнаејќи и ги хранат домашните животни со ГМО производи (најчесто пченка). Месото од такви животни, во принцип, би требало да изгледа исто како и кај нормалните, но сепак обратете внимание на изгледот на црниот дроб и бубрезите. Ако ви делуваат болно, подобро да се откажете од купување бидејќи тие животни можеби се хранети со ГМО сточна храна. Се знае што е болен, а што здрав изглед. Болното е бледо, сиво, жолто со оштетувања и израстоци кои не делуваат нормално. Здраво е розевото и црвено месо.
Занемарејте го убавото пакување. Профитабилноста на ГМО растенијата, овошјето и зеленчукот им овозможува на производителите на потрошат пари на убавите пакувања.
Информирајте се на интернет за земјите кои одгледуваат ГМО. Доколку нешто е со потекло од земјата која вовела ГМО, најверојатно е и ГМО: Бидете посебно внимателни. Следете ги вестите во земјите кои забрануваат увоз на ГМО како Франција, Унгарија. Така, барем, донекаде ќе сте сигурни дека производот не е ГМО. Истото важи и за земјите кои се најголеми производители на ГМО производи – САД, Аргентина, Бразил, Кина и Индија која произведува ГМ памук.
Обидете се да исфрлете сè што има најголеми шанси да биде ГМО. Тоа е најчесто месо од животни кои се хранат со ГМО храна, како и популарните грицки, чипсови и слично затоа што на големите компании им одговара суровината да биде со изедначена големина.
Работниците во Монсанто не ја јадат храната која ја одгледуваат, лекарите кои ги вакцинираат туѓите деца, не се вакцинираат себе, ни своите деца. Внимавајте во продавниците. ГМ храната е најевтина, а здравата храна по правило е поскапа. Старото правило кое го чува здравјето е исхрана со сезонско овошје и зеленчук. Ако во продавниците видете овошје или зеленчук на кое не му е време, тоа е најчесто увозно (обратете внимание на земјата на потекло) или е одгледано во пластеници со употреба на сите био-технологии, забразувачи на раст и пестициди.
92% од сојата на светот е ГМО! Според податоците на ISAAA (Меѓународна служба за набавка на земјоделсо-биотехнолошка документација), како и според податоците од Европската Унија, од 2007 година, кога светското производство на соја било 58,6% генетски модифицирано (ГМО), преку 2010 год., кога тоа било 80% до денес – ГМО сојата е 92% од светското производство на оваа житарка. Мали се шансите баш вие да налетате на тие 8% соја која не е генетски модифицирана (ГМО).
Во што поголема мера поддржете ги малите производители и земјоделци кои сами ја одгледуваат и продаваат храната, но секогаш гледајте какви се производите и применете го правилото од првиот пасус.
Во врска со ГМО памукот, симптомите на моргелонс заболувања, масовно се забележани кај кинеските работници, честопати и кај децата кои работат со ГМО памук. Кина, заедно со Америка, Аргентина, Бразил и Индија. Во допир со таков памук може да се дојде купувајќи кинеска роба, постелнина, ткаенини, играчки, па и облека од прочуените марки чии производи се изработуваат во Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.