Контакт

Daily news

За Димитров, прашањето не е кога, туку дали сакаме во НАТО

Објавено пред

Сакаме да бидеме 30-та членка на НАТО, но тоа не зависи само од Македонија, изјави шефот на дипломатијата, Никола Димитров, на конференцијата на тема „Македонија кон целосно членство во НАТО“.

dobivaj vesti na viber

„Зачленувањето во НАТО не зависи само од  Македонија. Во согласност со формулата од Букурешт од 2008 година, зависи и од Грција, зависи и од тоа колку бргу ќе успееме да ги тргнеме дополнителните критики што ги добивме на самитот во Варшава во делот на одговорност, владеење на правото, слобода на медиумите. Клучното прашање не е кога, дали побрзо или на среден рок, туку сакаме ли ние како опшество и како нација да си ја зацврстиме иднината, да поминеме една линија од која нема да има враќање назад“, изјави шефот на дипломатијата, Никола Димитров.

За дилемата под кое име ќе влеземе во НАТО, Димитров рече дека на првата посета на премиерот Заев во Брисел било јасно кажано дека Македонија во согласност со Привремената спогодба е подготвена да прифати покана под привремената референца што се користи во ОН за да влезе во алијансата.

„Тоа е во согласност со Привремената спогодба и со тоа како Меѓународниот суд на правдата во Хаг ја толкува. Убедени сме дека тоа ќе придонесе и кон создавање поголемо разбирање и во нашата јавност бидејќи кога го блокирате својот сосед со години, реакцијата не е поголема конструктивност, реакцијата е дефанзивност и одбранбен став. Сега тоа не зависи само од нас. Ние не сакаме да почнеме игра на обвинувања со Грција бидејќи нашето членство во НАТО во основа значи дека Грција треба во нас да гледа сојузник и ние во Грција треба да гледаме сојузник“, изјави Димитров.

„Македонија веќе придонесува кон регионалната и глобалната безбедност. Знаеме дека вашиот пат кон НАТО е понекогаш фрустрирачки, но издржавте. Има поддршка од јавноста и од сите етнички заедници за ваше членство во НАТО и се надеваме дека ваквиот обединувачки став и понатаму ќе продолжи“, изјави американскиот амбасадор во земјата, Џес Бејли.

Германскиот амбасадор во Република Македонија, Норберт Геберих, ја потврди поддршката за зачленувањето во НАТО. Според него, неодамнешното повлекување на српските дипломати од амбасадата во Скопје покажува дека национализмот и етничката поделеност повторно се во подем и најдобар начин да се стабилизира Македонија е земјата да влезе во НАТО.

„Последниот настан со повлекувањето на српските дипломати од амбасадата во Скопје покажува дека национализмот и етничката поделеност повторно се во подем. Влезот во НАТО е најдобар начин да се стабилизира земјата и да се посвети на реформската агенда. За ваквите процеси потребни се храброст и сила“, рече Герберих.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите...

Свет1 час

Црвено светло за Украина од Мерц: Не може НАТО и ЕУ додека е во војна

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих...

Македонија2 часа

Се’ уште се трага по исчезнатото лице од Степанци, 80 лица се вклучија во потрагата

Исчезнато повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70...

Македонија3 часа

Уништени 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници....

Свет4 часа

(Видео) Хамас објави видео од израелски заложник што го држи во Газа

Хамас објави видео во кое се тврди дека го прикажува израелско-американскиот заложник Едан Александар, кој е држен во Газа откако...

Македонија18 часа

(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

Вистински хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани кои се обратија до нашата редакција велат дека...

Македонија22 часа

Во странство се лекуваат 48 повредени од кочанската дискотека, нема планирани исписи за викендов

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат...

Македонија23 часа

(Видео) Стартува „One stop shop“ на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан

На граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Со нова физичка и дигитална...

Економија23 часа

(Видео) Костова: Срамно се редефинира потрошувачката кошничка, папаја за владата – трошки за народот

Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка, кажа денеска на...

Македонија24 часа

(Видео) Манасиевски: Системот на Венко Филипче го урниса здравството

Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си поднесе...

Македонија1 ден

(Видео) Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска...

Македонија1 ден

Во тек е акција за апсење на повеќе лица во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на...

Регион1 ден

(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале...

Регион1 ден

Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на...

Македонија1 ден

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

СДСМ бара итна и целосна истрага за скандалот на Кардиохирургија и утврдување на одговорност за последниот смртен случај каде пациент...

Македонија1 ден

Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум (ADF2025), што се...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: За отвореното како пупка судство на Заев, младиот живот изгубен на пешачки од несовесен возач вреди две години, а за ќебапи пет години затвор

Седумгодишното владеење на СДС и ДУИ остави трајни последици во функционирањето на системот. Постепено и систематски тие ја уништуваа секоја...

Македонија1 ден

Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Според информациите од УХМР, ќе дува умерен, а долж Повардарието...

Македонија2 дена

Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката...

Македонија2 дена

Седум пациенти денес се враќаат од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и...