Контакт

Uncategorized

Пад на индустриското производство

Објавено пред

Индустриското производство во јули годинава во однос на јули 2016 е  помало 0,22 проценти. Во периодот јануари – јули 2017 година, во споредба со истиот период лани, пак, е поголемо 0,7 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во јули бележи опаѓање од 3,4 отсто, во секторот преработувачката индустрија од 2,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 2,1 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство кај облеката, металите, фабрикуваните метални производи, освен машини и опрема и производството на машини и уреди.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2017 година во однос на јули лани бележи пораст кај енергија 0,6 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка 1,4 отсто, а опаѓање има кај интермедијарни производи, освен енергија 5,6 отсто, капитални производи 2,5 отсто и трајни производи за широка потрошувачка 14,2 отсто.

Uncategorized

Макрон најави забрана за социјалните мрежи за деца под 15 години

Објавено пред

Од

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Одлуката следува по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученици врз 31-годишен директор на училиште пред основно училиште во градот Ножан.

„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пишува Политико од Брисел.

Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на возраста би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.

Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.

Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на страниците што продаваат ножеви преку интернет.

Тој најави големи казни и забрани за страниците што не се придржуваат.

„15-годишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.

Францускиот премиер, Франсоа Бајру, претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на ножеви на малолетници.

Француските власти веќе преземаат чекори за да ги принудат платформите како што се X, Reddit и Bluesky да спроведат проверка на возраста, третирајќи ги како страници со содржина за возрасни.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Макрон со најава: ќе го забрани пристапот до социјални мрежи за деца под 15 години

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука следеше по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученик врз 31-годишен училишен надзорник пред основно училиште во градот Ножан.

„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пренесува бриселски „Политико“.

Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на старосната граница би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.

Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.

Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на веб-страниците што продаваат ножеви преку интернет.

Тој најави големи казни и забрани за сајтовите што не се придржуваат.

„Петнаесетгодишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.

Францускиот премиер Франсоа Баиро претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на какви било ножеви на малолетници.

Француските власти веќе преземаат чекори за да ги обврзат платформите како што се Ix, Reddit и Bluskaj да применуваат проверки на возраста, третирајќи ги како сајтови со содржина за возрасни.

Во Франција, на 7 јуни, стапија во сила мерките што ги обврзуваат порнографските сајтови да ја потврдат возраста на корисниците.

Како резултат на тоа, сајтот „Pornhub“ престана да работи во земјата, што предизвика ненадејно зголемување на употребата на VPN услуги што ја заобиколуваат геолокацијата, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Моќен ракетен систем „Искандер“ уништен во Русија, објавија Украинците

Објавено пред

Украинското Министерство за одбрана објави дека моќен руски ракетен систем „Искандер“ е уништен во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Украинските војници уништија руски ракетни системи ‘Искандер’. Еден руски ракетен фрлач експлодира, а два други веројатно се оштетени. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат“, објави украинското Министерство за одбрана.

Според повеќе извори, системот се наоѓал во регионот Брјанск во Русија и бил во активна служба. Се верува дека бил користен за таргетирање на Киев.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна...

Македонија2 часа

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ13 часа

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија14 часа

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија17 часа

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија18 часа

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија19 часа

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија19 часа

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија21 час

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија21 час

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија22 часа

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија22 часа

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ23 часа

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија1 ден

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет1 ден

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет1 ден

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет1 ден

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Иран лансира нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет1 ден

Шефицата на дипломатијата на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет1 ден

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...