Daily news
Ригорозна диета на познатите
Поради специфичниот начин на живот одредени славни личности често држат ригорозни диети, со цел за кратко време да изгубат повеќе килограми. Ќе ви претставиме една од низата диети кои ги држат славните личности, но ви советуваме , пред да се одлучите да ја примените да се посоветувате со лекар.
Со помош на оваа диета познатите наводно успеваат да изгубат и до 5 кг за една недела.
Тајната на „чудесната“ диета е во тоа што храната која ја внесувате го чисти организмот и дава помалку калории отколку што трошите. Сепак, специјалистите препорачуваат додатно внесување на мултивитамини, витамин Б и витамин Ц за време на диетата.
ден – Овошје. Јадете било какво овошје освен банани.
2. ден – Зеленчук. Јадете само зеленчук- свеж, жив или варен. Избегнувајте грашок, грав и пченка. Можете да изедете на пример печен компир со путер.
3. ден – Овошје и зеленчук. Хранете се како првите два дена, но овој пат исклучете го компирот од менито.
4. ден – Банани и млеко. Четвртиот ден од диетата дозволено е да изедете осум банани и да испиете осум чаши млеко со намалени масти, а може да се одлучите и за некој „лајт“јогурт. И покрај тоа што бананите содржат многу калории, неопходни се за да го надоместат калциумот и протеините, а да ја задоволат и желбата за благо.
5. ден -Пилешко / мисиркино. Петтиот ден дозволено е користење на пилешко и мисиркино месо и вкупно шест домати во текот на целиот ден. Потрудете се да испиете една чаша со вода после секој изеден домат.
6. ден-Месо + зеленчук. Од месото исто така можете да консумирате само пилешко или мисиркино со било кој зеленчук освен компир.
7. ден-Волшебна чорба. За оваа чорба потребни ви се:1-2 конзерви домати,6 главици кромид, 1 голема главица зелка, 1 сноп целер и 1 кесе супа со кромид.
Зеленчукот исечкајте го и ставете го во вода. Зачинете според ваша желба. Варете се заедно околу десет минути, а потоа додадете ја супата од кесето. Чорбата ќе биде готова кога зеленчукот целосно ќе омекне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.