Контакт

Daily news

Стојаноска: Комисиите не може да ја прикријат неспособноста на Заев и Таравари

Објавено пред

Одговорноста и срамот на Таравари не може да ги покрие ни една, ни две, ни двесте комисии. ВМРО-ДПМНЕ предупреди на стратегијата на Таравари, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

-Кусо објаснета, таа е следна. Прв чекор: обид да се скрие од јавноста или премолчи секој трагичен случај. Втор чекор: обид да се замолкнат медиумите и да се ургира за да не се објавуваат лоши вести за Заев и Таравари. Трет чекор: доколку веста се пробие до јавноста, да се релативизира. Најдобро што смислиле пиар-стратезите на Заев е да се префрла вината. Четврти чекор: доколку не успее префрлањето на вината, се формира комисија. Петти чекор: комисијата одолжува и кога ќе падне тензијата за скандалот, носи заклучок дека Таравари е најдобриот министер во светот, немало никаков пропуст, а на новороденчињата им било пишано да починат – вели Стојаноска.

Таа додава дека тоа што Таравари и Заев не можат да го разберат е дека уште 10 вакви комисии да излезат со извештаи дека сѐ е перфектно, нема да се вратат починатите дечиња.

-Зборот одговорност не постои ниту во речникот на Таравари ниту кај Зоран Заев. За нив, човечкиот живот вреди многу помалку од нивната политичка кариера. Никој во здравството и во Владата не понесе одговорност за смртта на 10 новороденчиња само измината недела. Неспособноста на оваа Влада и Таравари зави во црно десет семејства – истакнува Стојаноска.

Партиските војници, додава таа, кои во времето на ВМРО-ДПМНЕ плукаа по македонското здравство, добија директорски позиции и сега немаат доблест да проговорат за трагичната ситуација во која СДС и Таравари го донесоа македонското здравство.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 часа

Уапсен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево, ги оштетувал иконите кај крстот

Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го...

Македонија8 часа

(Видео) „ВРЕДИ нема знаење и храброст да направат повеќе за учениците и студентите Албанци“, велат од ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција ја презентира „долгата листа на неуспеси на владината коалиција во образовниот сектор“. „Овде...

Топ10 часа

(Фото) Апсење во Скопје: пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Регион10 часа

(Видео) Ураганот Кирк денеска ќе зафати дел од Балканот: направи хаос во Шпанија и Португалија

Дел од Балканот, поточно Бугарија, денеска ќе биде зафатен од ураганот Кирк, кој вчера предизвика хаос во Европа. Ураганот Кирк...

Македонија11 часа

Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје...

Свет11 часа

(Видео) Воздушните снимки го откриваат вистинскиот размер на катастрофата во Флорида: ураганот Милтон остави пустош

Најмалку 16 лица загинаа кога ураганот Милтон ја погоди Флорида, предизвикувајќи поплави, силни ветрови и торнада, потврдија официјални лица за...

Македонија12 часа

Почувствуван земјотрес во Демир Капија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија13 часа

Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување, велат од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Уставниот суд да го укине т.н. Балансер, алатката за вработување според етничка припадност, со...

Европа14 часа

(Фото) Литванија постави „змејски заби“ на границата со Русија

Литванија постави противтенковски бариери познати како „змејски заби“ на мостовите што ја поврзуваат земјата со Русија. Министерството за одбрана соопшти...

Македонија14 часа

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври, Денот на народното востание. „Дозволете ми од мое лично...

Свет14 часа

(Видео) Најмалку 14 загинати во ураганот Милтон, застрашувачки снимки од воздух

Потврдено е дека најмалку 14 луѓе загинале како последица на ураганот Милтон, јавува Ен-би-си Њуз. Од нив, шест лица загинаа...

Свет14 часа

(Видео) Човек кој пловел во Мексиканскиот залив држејќи се за ладилник е спасен

Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за ладилник додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се...

Македонија1 ден

Оставка на директорот на основното училиште во Ѓорче Петров каде деца се обидоа да силуваат соученик

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека од лични и морални причини оставка поднел директорот на општинското основно...

Македонија1 ден

(Видео) Огромни гужви за излез од Скопје, на патарината „Миладиновци“ колони од два километри

Огромни гужви има попладнево на наплатната станица „Миладиновци“ на излез од Скопје. „Тука е полошо од грчка граница. Сите свират,...

Македонија1 ден

Македонците во Бугарија се обесхрабруваат да се идентификуваат, не постои свест за правата на малцинствата, нотира Советот на Европа

Советодавниот комитет на Советот на Европа во својот најнов извештај посочува дека во Бугарија постои значителен недостаток на свест за...

Македонија1 ден

Член на Надзорен одбор на банка извршил измама преку злоупотреба на чувствителна информација

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе...

Македонија1 ден

Минчев: Јавната администрација е некомпетентна, нестручна и непрофесионална, вработените ќе мора да се преедуцираат за да не ја загубат работата

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, давајќи отчет за „100 дена Влада“, рече дека административците што не покажуваат добри резултати...

Економија1 ден

Димитриеска-Кочовска: Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цените, ефектите нема да бидат толку големи, особено во услови на ниска инфлација

Во изминатите 100 дена работевме без штедење, кажа денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска. Изрази задоволство од...

Македонија1 ден

Веќе е готов нов закон со кој се предвидува не само етничка туку и полова и секаква друга застапеност во институциите, уверува Таравари

Со нов закон ќе се гарантираат етничка, полова и застапеност во институциите на сите категории луѓе што живеат во државата,...

Свет1 ден

(Видео) „Кога ќе се раздени, веројатно ќе ги собираме телата“, вели шеф на полиција на Флорида

Во Брадентон, Флорида, е 4 часот наутро, а шефот на градската полиција разговараше со новинарите на Би-би-си неколку часа по...