Контакт

Daily news

Влатко Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори

Објавено пред

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претиник  во Собранието  Влатко Ѓорчев на ,,Live Chat” одговареше на прашања поставени од граѓаните во живо преку социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

На прашањето дали со стратегијата за интеграција на бегалците и странци 2017-2027  Македонија наместо транзитна ќе стане дестинација за траен престој на мигрантите, Ѓорчев посочи дека таа  апсолутно ќе стане земја  за траен простој за мигрантите и бегалците.

„Таква е стратегијата направена на 50 страни и таков е акциониот план,  што владата на Македонија предводена од Заев има намера да го имплементира. Нивната владината стратегија е стратешки документ за следниве десет години. Тој глава по глава ќе се реализира и  дури 71 проект во акциониот план, а ќе се отпочне со реализација  по 2017 година. Прво се предвидува , цитирам, „долгорочно сместување во делот на домувањето на  мигрантите како дел од стратегијата за бегалци и странци“.Тоа значи дека ќе има изградба на голем број станови, домови, населни куќи и тоа не е за привремено транзитно решение за бегалците. Ние апсолутно сочувствуваме со болката на бегалците, Македонија е хумано општество, Македонија сака да помогне  и Македонија помага“, одговори Ѓорчев.

Тој вели дека Македонија секогаш помагала и имала отворено срце и отворена врата за луѓето кои  се во неволја, затоа што граѓаните на Македонија се од сите етнички групи и од сите вероисповести и националности, од сите региони на Република Македонија и знаат што е мака.Но, истовремено Македонија има ограничени  ресурси и тие првенствено треба да се трошат за граѓаните на  Македонија.

„Имаме огромен број на луѓе во Македонија кои што ги немаат решено бројните прашања, а се од витално значење за нивниот живот“, посочи Ѓорчев.

На прашањето  кој ќе победи на претстојните локални избори, Ѓорчев одговори дека апсолутно очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи  на ниво на цела Македонија, а особено во третата изборна единица во источниот дел на Македонија.

„Исто така очекувам победа во општините  во шестата изборна едниница, а тоа  се Јегуновце и општината Маврово Ростуше. Исто така сме сконцентрирани на општина Брвеница и на повеќе други општини“, анализираше Ѓорчев кој додаде дека очекува победа во првиот круг во Општина Илинден и во сите други поголеми  општини.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Ново поглавје во неврохирургијата: На Клиниката во Скопје првпат изведена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

Mинатата недела на Клиниката за неврохирургија првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic...

Топ44 минути

Трошела пари за патувања во странство: поднесено обвинение за поранешна директорка на ученичкиот дом „Мирка Гинова“

Основното јавно обвинителство Битола, по спроведена претходна постапка, до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешна директорка на Државниот ученички дом...

Топ2 часа

Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: замрзнат имот во Србија и во Македонија на осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“

Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање...

Македонија2 часа

Арсовска со реакција за фотографијата на Ѓорѓиевски, Меџити и Бакиу: Нека ви се честито дивоградбите, важно убаво сте излезени на неа

Ексградоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, со реакција на социјалните мрежи за заедничката фотографија на кандидатот за градоначалник на град...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДСМ 230 советника, што е помалку за 166

„ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во...

Свет4 часа

Прва жена премиерка на Јапонија – сака хеви-метал, свири на тапани, се спротивставува на истополовите бракови

Конзервативката Санае Такаичи ќе стане првата жена премиерка на Јапонија откога вчера беше изгласана во парламентот. Ова е историски момент...

Свет4 часа

Хили: Од крајот на Втората светска војна европската безбедност не била во ваков ризик од конфликт

Велика Британија е подготвена да потроши „начително повеќе од 100 милиони фунти (115 милиони евра) за евентуално распоредување британски сили...

Свет4 часа

Поранешен амбасадор на САД: Путин го изигра Трамп, самитот во Будимпешта е стапица

Поранешен американски дипломат изрази сериозни сомнежи во врска со најновите напори на Белата куќа да посредува за завршување на војната...

Свет4 часа

Саркози од денес во затвор

Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше дискретно пречекан во Елисејската палата од страна на сегашниот претседател Емануел Макрон во петокот...

Македонија18 часа

Најголема победа во првиот круг има Јане Мицевски во Сопиште со освоени 80,2% од гласовите, вети нов резервоар за вода

Кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, извојува најголема победа во првиот круг на овие локални избори со...

Македонија21 час

Мециновиќ: Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Левица кој влезе во вториот круг на Локалните избори им се заблагодари на граѓаните...

Македонија22 часа

Не сум фокусиран на противникот затоа што противник и немам, тука сум за народот, вели Ѓорѓиевски и најавува посилно темпо

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој наспроти очекувањата, не победи во прв круг, вели дека уште...

Македонија23 часа

(Видео) Николоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, оставка од Филипче

Македонија е обoена во црвено. ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа на локални избори до сега, било кога видена во...

Македонија1 ден

Втор круг во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, шест скопски општини добија градоначалници во првиот круг

Граѓаните во шест скопски општини веќе избраа градоначалници во првиот круг – Бутел, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров...

Македонија1 ден

Шукова: Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак се гордеам со кампањата што ја водевме

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, се огласи на социјалните мрежи откако вчера не успеа да...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левицата, „Влен“ и ДУИ имаат по 6

ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на...

Топ1 ден

Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека...

Македонија1 ден

СДСМ по изборите: Oстануваме втора најсилна партија, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ имаат пад на поддршката

По обработени 99 отсто од гласовите, од СДСМ соопштија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицискиот партнер ЗНАМ, забележала голем пад...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ добива 32 градоначалника во првиот круг, „Влен“ зад нив со победа во пет општини

ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник во првиот круг од локалните избори, со освоени 32 општини, покажуваат утрово податоците објавени на страната...

Европа1 ден

Зеленски: Украина нема ништо да му подари на агресорот и нема ништо да заборави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „ниту ќе ѝ даде ниту ќе ѝ заборави“ нешто на Русија најавувајќи зајакнување...