Контакт

Daily news

Груевски и Заев месецов на суд – им се суди за насилство и поткуп

Објавено пред

Септември ќе биде месец на судења во Кривичниот суд. Според распоредот на закажани судења за предметите на Специјалното јавно обвинителство, преку еден ден се закажани судењата за случаите „Тврдина 2“ во кој првообвинет е бегалецот Горан Груејвски и „Насилство“, во кој првообвинет е експремиерот Никола Груевски. Првиот, кој го води судијката Лидија Петровска, е закажан за 26 септември, а вториот кој го води Татјана Михајлова, за 28 септември. Во предметот „Насилство“, Апелациониот суд донесе одлука со која одговори на жалбата на СЈО дека бомбите може да се користат како доказ во судската постапка, откако претходно судијката одлучи да ги издвои.

dobivaj vesti na viber

На 27 септември е судењето за поткуп за премиерот Зоран Заев, обвинет дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од струмички бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за квадратен метар градежно земјиште во Струмица. На крајот од месецот се очекува да почне и судењето за предметот „Транспортер“, во кој обвинет е битолскиот градоначалник  Владимир Талески за злоупотреба на тендери за превоз на ученици.

Во Кривичниот суд следната недела треба да се одржи и судењето за дел од случајот „Шпион“. Во вторник 5 септември, е закажано и судењето за ексразузнавачот, Слободан Богоевски, за клевета и навреда во Основниот суд Скопје 2.

Обвинителите од СЈО во јули изјавија дека примиле десетици приговори за новите 17-те обвиненија кои ги поднесоа до судот. Се очекува месецов да биде познато кога ќе бидат закажани првите судења.

В. М.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Застарува затворската казна за Груевски за набавката за „мерцедесот“

Експремиерот Никола Груевски се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“ бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната...

Македонија4 часа

МВР жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација, за Тошковски – подгревањето на меѓуетничките тензии е реалност на која работаат службите

Обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност за која надлежните служби проследуваат соодветни информации, рече денес министерот за внатрешни...

Топ4 часа

Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов. Според информациите од полицијата, тој...

Македонија5 часа

Се соочивме со деструктивна опозиција, имаа осум години за балансерот, Законот за јазиците, а сега ја злоупотребуваат судската власт : Меџити за првите сто дена Влада

Демократско правило е првите сто дена да ѝ се дадат на новата власт да ги постави луѓето и да почне...

Македонија6 часа

Во јавните набавки има корупција, која е последица на политичките интереси, во цените има големи разлики, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите...

Македонија7 часа

Без знаци на живот утрово пронајдена планинарка, извести ЦУК

Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик...

Свет7 часа

Путин: „Ќе ги постигнеме сите цели, вистината е на наша страна“

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на Русите годишнината од обединувањето на ЛДПР, Керсон и Запорожје. „Диктатурата во Киев...

Македонија8 часа

„Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече будали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да...

Свет8 часа

Празни улици и страв кај граѓаните на Бејрут: по бомбардирањето, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште

По израелското бомбардирање минатиот викенд, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште. Многумина ја поминаа...

Европа8 часа

(Видео) Украина: Русите утрово го нападнаа Киев со дронови, сите ги соборивме

Русија рано утринава изврши неколку напади со беспилотни летала врз Киев, а единиците за противвоздушна одбрана успешно го бранат градот,...

Европа9 часа

Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи

Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на странски агенти, денеска објави стотина документи што содржат информации поврзани со смртта...

Свет10 часа

(Видео) Ураганот предизвика катастрофални поплави во Америка, најмалку 90 загинати

Ураганот Хелен, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните сојузни држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида...

Европа21 час

(Видео) Избори во Австрија: крајната десница на прагот на победа, но никој нема да се приклучи на владата со неа

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата е на пат да победи на изборите. Според проекциите на резултатите, партијата предводена од Херберт...

Топ24 часа

Со скалпел го исекол на вратот и увото: обид за убиство на малолетник во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член...

Македонија1 ден

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба поради зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од...

Економија1 ден

Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина...

Македонија1 ден

Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана оти не се знае во чие владение е салата

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не...

Економија1 ден

(Видео) „Продолжуваме со засилено темпо на работа“ – Николоски објави снимка од реконструкцијата на автопатот Тетово-Скопје

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската...

Свет1 ден

(Фото) Страшни поплави во Непал: најмалку 100 загинати, десетици исчезнати

Најмалку 100 лица загинаа во поплавите во Непал, додека 67 лица се водат како исчезнати, јавија денеска локалните медиуми. Одрони...

Свет1 ден

Израелската армија изведува десетици напади врз Либан по атентатот на моќниот лидер на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека извршува десетици напади врз Хезболах во Либан, два дена по убиството на моќниот лидер на...