Контакт

Daily news

(Видео) Македонија играше, Албанија извлече реми

Објавено пред

Македонија одигра нерешено 1:1 (0:0) со Албанија во рамките на осмото коло во Г квалификациската група за пласман на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Македонските фудбалери на стадионот „Младост“ во Струмица доминираа во текот на целиот натпревар, го имаа поседот на топката на своја страна, упатија многу повеќе удари кон противничкиот гол, вкупно 21 од кои девет во рамките на голот, но во одредени моменти немаа среќа, а и албанскиот голман Бериша, со неколку сигурни интервенции успеа да ја одбрани својата мрежа.

Најблиску до гол во доминантното прво полувреме Македонија беше по обите на Пандев и Барди. Македонскиот капитен се обиде од 20 метри, но Бериша го одбрани неговиот удар, а албанскиот голман со многу проблеми ја скроти топката по слободниот удар на Барди.

Со иницијатива на Македонија започна и второто полувреме, но по само осум минути игра, Роши ги шокира најголемиот број присутни на стадионот. Мемушај испрати центаршут од левата страна, Алиоски доцнеше во одбраната, а Роши биеше со глава и го погоди спротивниот агол од голот на Димитриевски.

По постигнатиот гол Албанците уште повеќе се повлекоа, оставија малку простор за игра, а Македонија најопасна беше од прекините.

По еден корнер во 77.минута Хисај успеа да интервенира, но стрелецот на голот Роши беше невнимателн, играше со рака и му овозможи на Трајковски од пенал да го израмни резултатот.

До крајот селекторот Ангеловски сите карти ги фрли во нападот, заигра со петмина во нападот. Таквата определба на Македонија и донесе две шанси во неколку секонди. Алиоски во 85.минута упати вистинска бомба кон голот на Бериша, кој успеа да одбрани, а на одбиената топка налета Несторовски, но и неговиот удар го одбрани албанскиот голман.

Нерешениот резултат во Струмица е првото реми во овој циклус квалификации за двете репрезентации. Во наредната рунда на 6.октомври Македонија ќе и гостува на Италија, а Албанија ќе оди кај Шпанија.

Македонија остана претпоследна со седум бодови, а Албанија трета со 13 бодови.

Вечерва во Г групата Шпанија во Лихтенштајн победи со 8:0, а Италија со голот на Имобиле го совлада Израел.

Г група, табела:
Шпанија 22, Италија 19, Албанија 13, Израел 9, Македонија 7, Лихтенштајн 0. н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Блинкен потврди: САД му дозволија на Киев да користи американско оружје за цели во Русија

Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри употреба на американско оружје од страна на Украина за цели во Русија, од каде се...

Македонија3 часа

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: „Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење“

Јован Деспотовски објави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ, а кандидатурата ќе ја поднесе во зависност од роковникот....

Топ8 часа

20-годишник од Радовишко настрада по удар од гром

20-годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром, извести МВР. Околу 20 часот во Полициската станица...

Македонија8 часа

За грабнувањето и свирепото убиство на Вања и Панче – обвинение против четворица, за Палчо и за возачот продолжува истрагата

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се...

Македонија9 часа

(Видео) Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, на собраниската седница праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник, може...

Македонија9 часа

„Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, опасно по живот“, предупредува ЦУК

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата „Рапид Билд ДОО“ дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница...

Македонија10 часа

Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот...

Македонија12 часа

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Зајкова и раководството

Либерално-демократската партија вчера вечер ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите. Централниот одбор донесе одлука со која дава...

Македонија12 часа

Комеморација за Џаро в понеделник, музички ѕвезди ќе зборуваат за него

В понеделник, на 3 јуни во Домот на култура во Ѓорче Петров од 12 часот, ќе се одржи комеморација за...

Свет12 часа

Трамп по пресудата: Ова е срамота, народот ќе го каже својот збор на 5 ноември

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече срамота пресудата во Њујорк, со која беше прогласен за виновен за фалсификување документи...

Европа13 часа

(Видео) Русите го нападнаа Харков, ракети погодија станбени згради, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа во рускиот напад на Харков, Украина, а 16 се ранети, јавува Ројтерс. Руски ракети погодија три...

Европа13 часа

Бајден и дозволи на Украина да ја нападне руската територија со американско оружје, со ограничување

Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американска муниција за напади на руска територија, под услов...

Свет13 часа

Историска пресуда: Трамп виновен по сите обвиненија

Во првиот кривичен процес против републиканецот Доналд Трамп, поротата одлучи дека поранешниот американски претседател е виновен по 34 точки од...

Македонија1 ден

Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар

Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци,...

Топ1 ден

Силувана малолетничка во Скопско

Вчера попладне во 14.10 часот во СВР Скопје, М.Г., во присуство на социјален работник, пријавила дека на 17.05.2024 во скопско...

Македонија1 ден

Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство за избор за претседател на Уставниот суд, седницата продолжува утре

Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за избор на претседател на Уставниот суд. „Ниту еден од...

Македонија1 ден

Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ

Нема да коментирам внатрешнополитички случувања и изјави на лидери во земјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан од новинарите како ја...

Македонија1 ден

ДУИ навредена од ВМРО-ДПМНЕ: Владата не е нивна играчка

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој...

Топ1 ден

Малолетник прегазен од автомобил во Скопје: возачот побегнал

Во СВР Скопје синоќа во 21.03 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко...

Македонија1 ден

Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања

Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Од општината велат...