Daily news
Богдановиќ до ВМРО-ДПМНЕ: Ве боли успешното менаџирање на ПОЦ
Директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Саша Богдановиќ, со писмено соопштение реагира на нападите од страна на Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ дека ЈП ПОЦ станало симбол на хаосот и партиските вработувања.
„Почитувана г-ѓо Мирческа, се согласувам дека најважни работи во една урбанизирана општина како Центар се: хигиената, како се трошат јавните пари и паркингот и затоа би сакал јавно да Ве информирам дека за хигиената на јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар се грижат вработени во општината кои секојдневно ги чистат и одржуваат и со цел да се зголеми одржливоста на хигиената и чистотата на 4.9.2017 година распишавме објава за јавна набавка на машини за чистење на паркиралишта“, вели директорот на ПОЦ во писмената реакција.
Тој додава дека ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ е единствено јавно претпријатие на Балканот кое има воведено бесплатен паркинг и дека тоа лесно може да се провери.
„Во врска со слободни паркинг-места на нашите паркиралишта, освен што отворивме монтажна гаража во Буњаковец, направивме многу нови резидентни паркиралишта, а планирано е во иднина да се направат и уште повеќе. Исто така, катната гаража за која ВМРО потроши 5 милиони денари ја најдовме прокисната и нефункционална. Успеавме да ја средиме, да ги подмириме сите трошоци и да ја ставиме во функција.
„Што се однесува до партиските вработувања, да ве потсетиме за документите што ни беа доставени од Вашите пријатели со потписи и печати кои ги објавивме јавно во медиумите, за работните позиции кои се доделувале преку списоци на кандидати кои аплицирале за работни
места во штабовите на ВМРО. За разлика од вас, сите вработени во ЈП ПОЦ се со адекватни дипломи и се високо квалификувани за својата позиција, а воедно се и примени по регуларен пат, преку конкурс кој беше јавно објавен во дневните весници. И не е точно дека сум ги
избркал од претпријатието сите оние кои не размислуваат како мене, ако добро сте запознаени ќе знаете дека во претпријатието сè уште работат квалитетни луѓе кои се во ПОЦ од самиот почеток.
Знаеме дека Ве боли успешното менаџирање и високиот рејтинг на ЈП ПОЦ и затоа ширите лаги и невистини. Ќе ве замолам да не зборувате за уцени и закани бидејќи сите добро слушнавме во бомбите како функционирате Вие и Вашата партија, особено со демолирањето на Општина Центар за кое ќе се видиме на суд“, додава Богднаовиќ.
На крајот тој вели дека прометот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ кога немало бесплатен паркинг изнесувал 50 милиони денари, а сега кога паркиралиштата се бесплатни за сите жители на Општина Центар изнесува 70 милиони денари, што значи им било наплаќано на граѓаните, а
останувале помалку пари. Прашањето е, како што вели, каде оделе тие пари?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.