Daily news
Спиро Ристовски бара одговорност за фалсификување на изборите што не се случиле
Спиро Ристовски, претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, излезе со тврдење дека на локалните избори СДСМ ќе ја ангажира полицијата во негова функција и дека ќе го користи државниот буџет за поткуп на гласачите. Според него, СДСМ е свесен дека дека заради својата неспособност и штетни политики, на локалните избори ќе се соочи со голем пораз и тежок дебакл и затоа подготвува вакви очајнички потези. Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, според Ристовски, изнесува над 100.000 гласа, што ја прави нервозна партијата на власта.
„СДС е фатен на дело, сам признаа. СДС на овие избори во согласност со тоа што го пишува на таблата на неговата општинска организација, има стратегија да ја ангажира полицијата во негова функција на изборите и да го користи државниот буџет за поткуп на гласачи за да му дадат поддршка на претстојните изборите.
Погледнете, ова е свот-анализата до која дојдовме, што тие самите ја објавија, а се однесува на анализа на слабите и силните страни на секоја партија што ја прават во рамките на свој општински комитет. Јавно, дрско и брутално СДС како главен лост на овие избори го истакнува користењето на полицијата во функција на изборите. Видете, прва работа која е наведена се контролата и употребата на МВР во изборни цели.
Ова е тежок скандал, ова е противправно дејствување и ова е криминал! За ова некој треба да одговара и мора да одговара. За ова некој ќе одговара.
Ги повикуваме чесните полицајци да не дозволат да бидат инволвирани во вакви активности, а сите оние од СДС кои ќе посегнат по вакво нешто, по предвремените парламентарни избори в година, ќе одговараат.
Ова е директно мешање на партијата и државата и директно и експлицитно злоупотребување на полицијата во партиски цели на СДС“, рече Ристовски прашувајќи за какви фер избори зборува Заев кога во време кога држи прес со амбасадорот Семјуел Жбогар за демократски избори, во штабовите на неговата партија заговараат употреба на полиција за избори.
„Покрај полицијата, СДС смета дека на овие избори втора главна работа е употребата на државниот буџет во партиски цели на СДС за да корумпира гласачи, за да притиска гласачи заради социјалната помош, заради субвенциите за земјоделците, заради платите и заканите со отпуштања. Срамно и недостоинствено! Ова е уште еден доказ колку е слаб и колку и сам е свесен дека народот не ги одобрува неговите штетни политики, па сега посегнува по злоупотреби од најголем вид. Сакаме ова да го истакнеме за да укажеме со какви услови се соочуваме и јасно да претставиме дека СДС нема намера за фер и демократски избори. И бараме одговорност.
На совеста на ДИК, Јавното обвинителство и на меѓународната заедница е дали ќе реагираат на овој тежок, навистина тежок скандал или ќе се обидат при очи да се прават дека ова не го гледаат“, драматизира Ристовски за настан што не се случил, а тврди дека ќе се случи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.