Контакт

Daily news

Урнете ја призмата на оправдувањето и покорете го тргувањето со луѓе!

Објавено пред

Трговијата со луѓе звучи како нешто од средниот век, од времето кога цивилизациите се криеле зад превезот на незнаењето, кога човекот на човек бил волк и се искористувале сите можни карактеристики на секое лице и секој дел од човечкото тело како ресурси, како производ. Кога некој денес ќе слушне за постоењето на трговија со луѓе го прифаќа тоа со доза на скептичност, со убедување дека општеството е толку напреднато и дека тоа не може да се случува во модерно време.

dobivaj vesti na viber

Последните испитувања покажуваат дека бројката на лица со кои се тргува е 10 пати поголема од официјалната. Минатата година во Македонија 6 лица беа жртви на трговијата луѓе, додека во соседните држави се идентификувани 100 – 150 лица. Најголемиот број, 99% од жртвите на трговија со луѓе се деца. Колку и да звучи неверојатно, трговијата со луѓе е нешто се случува во нашето општество и во нашата заедница. Скоро секој си помислува дека заедницата дава се од себе да ја искорени трговијата со луѓе, но најважно е секој да биде вклучен и да ги препознае знаците на искористување кај другите. Жртвите седат во темнината на вистината и ретко кој ја има храброста да им ја отвори вратата и да ги изведе на правиот пат. Затоа ја споделуваме приказната за ………. преку призмата на Отворена Порта (Ла Страда).

Мајката на 15 годишното девојче ………. се јави на СОС линијата на Отворена Порта пред некое време и со забележлив очај во нејзиниот глас побара да се помогне на нејзината ќерка. Семејството на ………. е во тешка состојба. Нејзината мајка не работи, а нејзиниот татко е алкохоличар. Тие долго време се разведени и живеат одвоено. Одреден период живееле од производство на тутун, но тоа сега не е опција. Тешката работа и сиромаштијата ја натерале ………. да се вработи како келнерка. Со помош на една жена од родниот град (која има испратено 10ина девојчиња на слична работа) таа успеала да се вработи и со надеж сега ќе добива солидна плата. ………. во текот на овие случувања не ја информирала мајка си за тоа што го прави.
………. првиот пат исчезнала во Октомври. Нејзината мајка го пријавила нејзиното исчезнување во полиција и во центарот за социјална работа. ………. по некое време се јавила на мајка си и кажала дека е во друг град и дека работи во некој ноќен бар. Мајката веднаш пријавила во полиција. По некое време ………. се вратила сама дома.
………. исчезнала по втор пат на почетокот на Јануари и ја немало 5 недели по што нејзината мајка повторно пријавила во полицијата и во центарот за социјална работа. После 5 недели ………. се вратила дома. Сопственикот на барот ја оставил на автобуската станица и ја испратил да се врати дома. Веднаш по нејзиното враќање ………. била сместена во медицинска установа и таму била задржана два и пол месеци. Таму ………. добила здравствена нега и е утврдено дека има сексуално преносливи болести, а дека е психолошки здрава и дека има натпросечно ниво на интелигенција. Сопственикот на ноќниот бар дознал каде е и заедно со едно друго девојче сакал да ја посети ама не успеал.
По некое време ………. се вратила дома и повторно бил остварен контакт со сопственикот на барот по што таа пак исчезнала. Повторно, мајката со истиот страв и очај ја пријавила ………. како исчезната во полицијата, центарот за социјална работа и во Отворена Порта (Ла Страда). Со заеднички сили институциите и организацијата успеаја да ја вратат дома.
Тимот од Отворена Порта бил кај 15 годишното девојче и таа им рекла дека не постои никаков проблем и дека нејзината работа е нормална и дека не е присилена да прави нешто што не сака. На крајот од разговорот ………. прифатила редовно да се среќава со Отворена Порта. На тимот нешто му било сомнително имајќи во предвид дека таа истата приказна, со истите реченици и зборови, им ја кажала на полицијата и на социјалниот работник.
На втората средба ………. полека почнала отворено да зборува со тимот на Отворена Порта, но се што кажувала било во кратки реченици и било очигледно дека била преплашена и под притисок. Подоцна ………. раскажала што точно се случило во барот.
Приказната на ……….
По нејзиното пристигнување во барот жената која и ја нашла работата исчезнала. По една недела работа во барот сопственикот и рекол да забавува некои од гостите. Се било во ред се додека еден од нив не почнал да ја допира, а останатите да ја навредуваат со вулгарни зборови. ………. се пожалила на сопственикот и тој и рекол дека тоа и е работа и дека ако сака да зима пари од време на време мора да се навикне на „работната средина“. Таа никогаш не добила пари. Наместо пари сопственикот на барот и купувал провокативна облека, кратки здолништа и слично. На почетокот ………. одбивала да ја носи облеката и да ги забавува гостите и поради тоа била казнувана. Првото одбивање на „работните обврски“ завршило со едночасовно мачење, при што ………. била тепана со палка. Поради повредите таа морала да остане во кревет две недели.
Во барот со неа работеле и други малолетни девојчиња. Тие биле присилени да работат како проститутки, биле злоставувани, тепани и омаловажувани.
Еден ден сопственикот и рекол на ………. дека прави многу проблеми и ја прашувал дали се јавила на мајка си. Тој и дал мобилен телефон и ѝ рекол дека може да се врати дома, но дека мора да му се јавува на секој час за да ја проверува дали се однесува како што треба. Тој и кажал што да каже на полицијата и на другите. Тој се заканил на ………. дека ако не се однесува така како што тој сака дека ќе ја најде и дека ќе ја убие неа и нејзината мајка. Ова се повторувало секојпат кога ………. ќе се вратела дома.
………. додека била во барот спиела преку ден и работела навечер. Силувањата се повторувале постојано. Една вечер еден од гостите и дал мобилен телефон и таа се јавила на мајка си и ја молела да направи нешто и да ја спаси. Тоа бил последниот повик и ………. беше спасена.
По 4 средби и советувања со тимот на Отворена Порта ………. се чувствувала похрабро и почнала да соработува. ………. сака да продолжи со образованието, но не во сопствениот град. Таа се запиша во училиште во друг град и продолжи да доаѓа на советувања.
………. може да е Вашата ќерка или син, децата на соседите и познаниците чии насмевки никако да се појават на нивните лица. Таа може да е дел од Вашиот град и заедница и Вие да не го забележувате огнот кој се гаси во тие што се уништени од трговијата со луѓе. Отворете ги очите и пуштете ја светлината кај лицата кои страдаат. Урнете ја призмата на оправдување, откријте ги симптомите на трговијата со луѓе и помогнете им на тие кои им е најпотребно.
Запознајте се повеќе со трговијата со луѓе и на начинот на кој може да им помогнете на жртвите на официјалната веб страна и официјалниот Фејсбук профил на Отворена Порта (Ла Страда):

https://www.facebook.com/OpenGateMacedonia/
http://www.lastrada.org.mk/index.php

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Германски државјанин протеран од државата: на натпреварот Шкендија-Карабаг во Скопје веел знаме „Голема Албанија“

По извршена идентификација и поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично...

Македонија6 часа

Одложени активности на отворено: Министерството за здравство со препораки поради најавите за високи температури

Министерството за здравство информира дека во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во периодот од 8...

Македонија9 часа

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како...

Македонија9 часа

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100. седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10...

Топ9 часа

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија10 часа

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија11 часа

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија11 часа

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија13 часа

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет14 часа

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет15 часа

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет15 часа

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние што сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет16 часа

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија1 ден

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ1 ден

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија1 ден

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ1 ден

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија1 ден

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...