Контакт

Daily news

Катранџиев: Велешани на 15 октомври ќе одлучат за стратегијата за бегалците

Објавено пред

Петнаесетти октомври ќе биде ден кога граѓаните на Велес ќе донесат многу значајна одлука за својата иднина. На 15 октомври велешани ќе ја имаат можноста сами да дадат одговор дали се согласуваат со штетната стратегија за интеграција на бегалците и странците на Владата на СДСМ, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велес.

dobivaj vesti na viber

„И покрај апелите и барањата на граѓаните СДСМ да се откаже од погубната стратегија за интеграција на бегалците и покрај огромното противење на плановите за изградба на социјални станови за удомување мигранти, никој од Владата не ги праша граѓаните што мислат за овие нивни планови“, рече Живе Катранџиев од ОК ВМРО-ДПМНЕ Велес.

„Кога тоа не сакаше да го прави Владата, ќе го прави општината. Денеска пред граѓаните сакаме да соопштиме дека на вчерашната 74-та седница Советот на Општина Велес донесе одлука на 15 октомври да се спроведе референдум на локално ниво на прашањето: „Дали сте за населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Велес?“ Референдумот ќе биде со обврзувачки карактер и ќе значи дека резултатите од него мора да се почитуваат“, истакна Катранџиев.

Тој нагласи дека одлуката на Советот да се распише референдум по ова прашање е одговор на барањата на граѓаните.

„Граѓаните сакаат тие, а не некои други, да одлучуваат дали на територијата на општина Велес ќе се дозволи населување мигранти. Граѓаните сакаат тие, а не Зоран Заев и СДСМ, да одлучуваат дали ќе се дозволи во Велес да се спроведува стратегијата на Владата за удомување, вработување, бесплатно образование, здравство и социјална заштита за мигрантите. Како советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ сакаме јасно и гласно да порачаме дека никој освен велешани нема право да носи одлуки кои на долг рок ќе ја обликуваат иднината на општината. Никој не смее зад грбот на велешани да кова стратегии и спроведува акциски планови кои носат сериозни демографски, социоекономски и безбедносни ризици за граѓаните“, потенцира Катранџиев.

Вели дека водејќи се од овие принципи и застанувајќи цврсто зад интересите на граѓаните, советниците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласаа „за“ предлог-одлуката на 15 октомври да се спроведе референдум на прашањето: „Дали сте за населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Велес?“

„За жал, наместо да се надминат себеси и да застанат со своите сограѓани, советниците на СДСМ одлучија да застанат зад Зоран Заев, Мила Царовска и нивните штетни и погубни политики. И покрај јавно изразените дискусии и заложби, кога дојде моментот на изјаснување, советниците на СДСМ, сите еден по еден, на поединечното изјаснување, не дадоа поддршка за одржување референдум во Велес. Наместо глас „за“, наместо заложба за својот град, велешани од СДСМ добија воздржаност. Со тоа СДСМ се воздржа да ги заштити граѓаните на Велес од нов бран мигранти, СДСМ се воздржа да ја заштити безбедноста и сигурноста на граѓаните, СДСМ се воздржа да ја заштити демографската структура на Велес, СДСМ се воздржа да им ги заштити работните места на работниците од Велес“, појаснува Катранџиев.

Според него, СДСМ не даде поддршка граѓаните да можат самостојно да одлучуваат дали на територијата на општина Велес ќе се населуваат бегалци и мигранти.

„ СДСМ на вчерашната седница на Советот одлучи дека одбраната на партиските стратегии им е поважна од одбраната на Велес. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ застанаа цврсто зад барањата и интересите на граѓаните. Го направивме тоа вчера со донесување на одлуката за распишување референдум, а уште посилно тоа ќе го направиме на 15 октомври. Заедно со граѓаните на 15 октомври ќе изразиме силно „не“ за стратегијата за претворање на нашиот град во бегалски камп. „Не“ за населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Велес“, рече Катранџиев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ4 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ5 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ6 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија8 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија9 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија10 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет11 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија11 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија12 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија14 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија14 часа

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија14 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ14 часа

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија15 часа

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа16 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа17 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет17 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион17 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет18 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...