Црна хроника
Пукање во Влае при грабеж на банка, крадецот повреден
Крадец е повреден во пукање што се случило во скопската населба Влае по грабеж во филијала на „Стопанска банка“ во Скопје.
Според неофицијалните информации, вооружено и маскирано лице ја ограбило банката и тргнало да бега со својот автомобил, но бил пресретнат од специјалната единица „Алфи“ кај мостот Влајко во скопската населба Влае. Крадецот пукал кон специјалците, кои возвратиле, и според неофицијалните информации крадецот е ранет и пренесен во болница, а автомобилот е изрешетан. Банката потврдува дека имало грабеж во филијалата во Ѓорче Петров. „Вработените не биле повредени и согласно правилата за случајот веднаш пријавиле во полиција и до надлежните во Банката. Во тек е истрагата за настанот. Филијалата ќе продолжи со работа утре, петок 09.10.2015 со редовно работно време“, соопштуваат од банката. Сообраќајот на едната лента од Центар кон Влае е во прекин.На местото на пукањето полицијата врши увид и се очекува МВР да излезе со официјални информации./крај/мф
Извор: фото: Нова Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

