Собранието ќе ја продолжи 12 седница на која треба да расправа за предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Законот е поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство, а со него се очекува да се реши статусот на стечајците што не беа опфатени со претходниот закон.
На дневен ред на оваа седница се и предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги поднесен од група пратеници.
Во рамките на 12. седница се и предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршувањето и предлог-законот за издавање вредносни бонови – ваучери, поднесени од опозицијата.
По завршувањето на оваа седница, пратениците треба да ја продолжат 15. седница. на чиј дневен ред се предлог-законот за употреба на јазиците, предлог-измените на Законот за употреба на македонскиот јазик, предлог-закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник и предлог-закон за издавање вредносни бонови – ваучери, сите во прво читање.
Пратениците ќе расправаат и за работата на министрите за финансии, Драган Тевдовски, за култура Роберт Алаѓозовски и за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.