Европа
Могерини: Мирот во Сирија нема да ја реши бегалската криза
Европската унија(ЕУ) ќе се соочи со голем прилив на мигранти дури и ако меѓународната заедница со некакво „чудо“ го заврши конфликтот во Сирија, рече во петок високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и сигурност Федерика Могерини.
„Да не се лажеме. Денеска Сирија е на истакната позиција со четири милиони бегалци и осум милиона раселени низ земјата“, рече Могерини за La Repubblica.
Според неа, доколку по некое лудо во моментот се реши сирискиот проблем, Либија ќе остане отворен и неконтролиран коридор за Европа, барем, како што рече, додека „таму не успеат да изградат држава.
„А зад Либија стои цела Африка“, рече Могерини.
Таа смета дека ЕУ мора да се подготви за реформи во политиката за азил. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Жена во Германија фрли торта во лицето на поранешен министер
За време на предизборен собир на Слободната демократска партија (ФДП) во Грајфсвалд, Германија, во покраината Мекленбург-Западна Померанија, поранешниот министер за финансии Кристијан Линднер беше нападнат од член на локалниот огранок на Младата левица.
Додека Линднер држеше говор, една млада жена му пријде одзади, му кажа неколку зборови, а потоа му фрли торта во лице. Линднер и намачка дел од пената по косата на жената, по што обезбедувањето ја собори на подот.
Der Wahlkampf geht los. Bei seinem Einsatz für die Wirtschaftswende lässt CL sich durch nichts aufhalten. 🎂😂 TL pic.twitter.com/CoESmczmyY
— Christian Lindner (@c_lindner) January 9, 2025
Европа
Зеленски на важен состанок во Европа: „За 11 дена започнува ново поглавје“
На нивниот последен состанок пред Доналд Трамп да влезе во Белата куќа, претставниците на земјите што ја поддржуваат Украина во американската воена база во Рамштајн, Германија, денеска ветија 500 милиони долари помош за Киев.
„Војната на Украина против окупаторските руски сили не засега сите нас“, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на состанокот. Тој рече дека задача на целата меѓународна заедница е да ги „запре автократите во нивните империјални амбиции“.
За Остин, кој го иницираше овој формат веднаш по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ова е негово последно учество на состанокот пред администрацијата на Доналд Трамп да ја преземе функцијата во САД на 20 јануари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека транзицијата на власта во Вашингтон, со оглед на тоа што се уште не е познато дали САД ќе продолжат да и помагаат на Украина под претседателот Трамп, ќе означи „ново поглавје“.
„Апсолутно е јасно дека за Европа и за целиот свет за 11 дена започнува нов период во кој ќе треба уште повеќе да соработуваме“, рече Зеленски на состанокот во Рамштајн. Тој рече дека целта на меѓународната заедница мора да продолжи за да се најдат „што е можно повеќе инструменти“ за да се принуди Русија да постигне мир.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус му се заблагодари на Остин за досегашната координација на помошта за Украина и рече дека е неопходно да се продолжи т.н. Рамштајн формат, заклучувајќи дека резултатите од овој формат се „инспирација да се продолжи со истиот интензитет“.
Писториус вети дека ќе испорача ракети земја-воздух во Украина.
„Украина сè уште може да се потпре на Германија“, рече Писториус, кој со оглед на тоа што во Германија се одржуваат парламентарни избори на крајот на февруари, може да биде и неговото последно учество на состанок од ваков формат.
Европа
Украина: Подготвени сме да влеземе во ЕУ и НАТО наместо Унгарија
Украина е подготвена да го пополни секое празно место во Европската Унија (ЕУ) и НАТО доколку Унгарија одлучи да го повлече членството во овие организации за да се приклучи на блоковите предводени од Русија, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.
„Украина би била подготвена да го пополни празното место во ЕУ и НАТО доколку Унгарија одлучи да го напушти во корист на членството во евроазиската Заедница на независните држави или на Организацијата на договорот за колективна безбедност“, се наведува во соопштението на украинското Министерство.
Коментирајќи ја изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто дека одлуката на Украина да го прекине транзитот на руски гас преку нејзина територија ги зголемила цените, украинското министерство рече дека изјавите се дел од „политички мотивирана информативна кампања насочена кон домашната потрошувачка“ потсетувајќи дека Европската комисија изјави оти одлуката нема негативно влијание врз енергетската безбедност на ЕУ или потрошувачките цени.
„Единствената причина за предизвиците на европскиот енергетски пазар отсекогаш била Русија“, се вели во соопштението обвинувајќи ја Москва дека со децении ја користи енергијата како оружје, како и дека уценува и ја поткопува енергетската безбедност. Во соопштението се додава дека Унгарија треба отворено да признае дали нејзин приоритет е зајакнувањето на Русија пред ЕУ и САД.
На 1 јануари истече петгодишниот договор меѓу Москва и Киев за транзит на руски гас преку Украина по што Украина одби да го продолжи договорот во интерес на националната безбедност.
ЕУ ги почна пристапните преговори со Украина во декември 2023 година. Киев поднесе барање за членство во НАТО во септември 2022 година, неколку месеци откако Русија почна специјална воена операција во Украина.