Контакт

Daily news

Интервју: Матеј Богдановски: „Скопје 2014“ е непоправлив магионичарски трик – дали Скопје повторно ќе биде радост?

Објавено пред

Речиси десет години сликарското око на Матеј Богдановски го боде новиот дизајн на метрополата. Според него, со „Скопје 2014“ ни се случи една од најголемите архитектонски катастрофи. Инспириран и длабоко испровоциран, речиси сите нови градби ги отслика на ретко оригинален начин, критички, и ги преточи во успешен ликовен циклус. Принтови од сликите се најдоа и во книгата „Скопје, радос ти ќе бидеш“, што ќе биде промовирана в сабота во кафулето „Пабло“. Ова е прв уметнички проект кој гласно и ангажирано се спротивставува на грандиозното архитектонско филување на Скопје. Според него, од тоа како понатаму ќе се справиме со овој шизофрен мегаломански кич, ќе се покаже колку имаме граѓанска свесност и доследност како држава. Вели дека градбите од „Скопје 2014“ многу нешта срушија, нѐ поделија идеолошки, етнички. Ѝ припаѓа на генерацијата што Скопје го знае како град на солидарноста, на урбаниот дух и тие луѓе се удавија во поплавата од нови зданија.

dobivaj vesti na viber

Ова е прв ангажиран уметнички креативен производ инспириран од хибридните промени што ја зафатија архитектурата на главниот град. Како што велиш во предговорот, твојот ликовен израз последниве години будно ги следи промените, со визуелни толкувања, стануваше збор за спонтана инспирација, граѓанска одговорност или?

„Циклусот „Скопје, радос ти ќе бидеш“ се раѓаше во две етапи. Првите дигитални колажи или мимови што ги објавував на мојот фејсбук-профил настанаа како реакција на најавените градежни промени со црквата на плоштадот во 2009 година, веднаш по првото архитектонско востание, како што ги нарекоа протестите од 28 март. Мимовите беа мој личен начин на изразување револт против урбанистичките промени во градот, а бев изненаден колку тие слики имаа голем одек на социјалните мрежи, главно на „Фејсбук“, но се ширеа и на „Твитер“ и на интернет-страници. Втората серија мимови настанаа по легендарното видео на кое беа претставени новите естетски визии за центарот на градот планирани да се случат до 2014 година. Тогаш циклусот и го доби името „Скопје, радос ти ќе бидеш“. Не знаев како на поинаков начин да му се спротивставам на ова зло, кое рапидно го менуваше ликот на мојот град, освен да му се исмеам в лице укажувајќи на неговата грдотија, глупост и бесмисленост. До тогаш ни јас не знаев дека некогаш ќе бидам ангажиран уметник, но, ете, се случи. „Скопје, радос…“ го затворив со изградбата на триумфалната порта бидејќи сметав дека по тоа може да стават што сакаат, врвот на апсурдот е постигнат. Но, и по тоа, продолжив со други опуси кои директно или индиректно беа инспирирани од ‘Скопје 2014’“.

И покрај големите негодувања, протести на граѓаните, предочувања на архитектите, „Скопје 2014“ никна. Наголемо се расправа што понатаму, некои предлагаат деструктивност, рушење, други пренамена, кое е твоето видување?

„Скопје 2014“ на граѓаните им беше подметнат како некој магионичарски трик. Тоа е кога магионичарот ќе ти го земе часовникот, па ти го „претвора“ во цвеќе. Така и овој проект им ги зеде јавниот простор и парите на граѓаните и им ги претвори во оваа будалштина залажувајќи ги дека сега Скопје личи на метропола. Со таа разлика што магионичарот на крајот, сепак, ќе ти го врати часовникот, а овде просторот и парите не се знае дали некогаш ќе бидат вратени.

„Нормално е дека луѓето со негодување ќе реагираат на идеите за рушење, но тие мора да сфатат дека секое градење не е креативно и исто така секое рушење не е деструктивно. Берлинскиот ѕид, на пример, е исто така изграден, па сите се радуваа кога го рушеа. Во нашиот случај „Скопје 2014“ урна многу со своето градење, уништени се јавен простор и големи површини зеленило, сменет е ликот на потесниот центар. Тој е нашиот ѕид на поделби по многу основи, идеолошки, етнички… и затоа мое мислење е дека треба да биде срушен. Да не спомнувам колку сите тие скулптури и градби немаат ама баш никаква уметничка или културна вредност, a зградите покрај Вардар се небезбедни. Се разбира, тоа може да оди постепено во фази, но да се заврши во некој разумен временски период. Идеите за пренамена или облагородување на објектите може да биде само привремено решение, но никако не смее да остане на тоа. Еден од аргументите да не се урива е дека тоа ќе чини пари. Но, и одржувањето на тие објекти, кои веќе пројавуваат проблеми, или нивното дотерување, исто така ќе чини пари. Во секој случај начинот на кој ќе се справиме со овој баласт ќе покаже колку нè бидува како народ и како држава.

Дали сметаш дека Скопје навистина повторно може да биде радост, град во кој достоинствено ќе се идентификуваат сите генерации?

„Мислам дека Скопје е упропастен град за неколку следни генерации. Од осамостојувањето наваму сите негови татковци го разбирале како полигон за градба и можност за профит немајќи никаква свест за тоа што е град и кои се неговите вистински потреби. „Скопје 2014“ беше само капак на сето тоа. Скопје го изгуби својот идентитет. Од град на солидарноста стана град на шизофрен мегаломански кич. Град без идеја и без визија за иднината.

Може ли да зацели нарушениот урбан дух, што предлагаш, сметаш ли дека вакви креативни толкувања како твојата книга со слики може да влијаат врз свеста на силувачите на нашиот град?

„Ниту кога ги пуштав на „Фејсбук“ ниту сега кога ги објавувам во книга не очекував дека тие ќе ја сменат свеста на силувачите и на тие што го поддржуваа силувањето. Тоа воопшто не ми беше битно. Мимовите ми беа, пред сѐ, начин како јас да се изразам, а се покажаа дека резонираат со многумина, кои на слично, да не речам исто, ги доживуваа работите и на некој начин тие слики беа и нивен глас. Преку сликите ја чував мојата уметничка совест чиста.

Некои велат дека Скопје првпат е срушено во катастрофата во 1963 и вторпат е уништено со „Скопје 2014“. Дали го делиш ова мислење?

„Скопје низ историјата многупати било рушено и од луѓе и од природни катастрофи, но секогаш било повторно градено. Секако, во поновата историја во колективната меморија на скопјани е запишан земјотресот од 1963. Но, ете, тој излезе повод Скопје да добие нов модерен лик, да кажува една нова приказна, која беше потполно во склад со времето, а имаше потенцијал да биде и пред времето ако внимателно ги видите оригиналните макети на Танге. Со „Скопје 2014“ е прекината таа приказна нагло и насилно. Може само да се надеваме дека Скопје ќе смогне сили и со многу љубов, енергија и средства некако да успее да ја надмине оваа несреќа и повторно да добие некој нов современ лик и некоја своја нова приказна. Се надевам и дека овие „изливотини“ и градби расфрлани по центарот на градот нема да останат толку долго за да влијаат врз менталитетот на идните скопјани“.

Што мислиш за актуелната ликовна сцена во земјата?

„Ова прашање можеби подобро ќе го одговори некој што професионално се занимава со следење на сцената. Јас како дел од неа можам само делумно да одговорам. Забележувам дека со години има сѐ помалку изложби, а и тие што ги има се нискокалорични. Се затворија голем број галерии, така што нема ни голема можност за изложување. Се сведовме на само една продавница за сликарски материјал. Културните институции се потполно во хаос и ја изгубија својата смисла и причина за која постојат. Голем дел од средствата наменет за култура беше насочен кон „Скопје 2014“, а во неговото обликување учествуваа голем број колеги. Другите беа принудени да се снаоѓаат вонинституционално, што по мене и не е толку лошо“.

Дали сметаш дека твоите слики може да најдат повеќенаменска примената улога и дали имаш таква провокација – стрип, филм итн.?

Ако некој сака да прави стрип или филм или што било друго инспирирано од моите слики, нека се јави, ќе се договориме за правата и за сѐ друго.

Кои се, според тебе, најзначајните револуции во светската уметност инспирирани некогаш од слични политичко-општествени бури?

„Зборот револуција, барем во историјата на уметноста, е малку прејак, несоодветен. Секако дека општествените промени секогаш се рефлектирале врз уметноста, но тие повеќе се развивале еволутивно, односно произлегувале како реакции едни на други, а поретко со нагли промени. Можеби добри примери за такви нагли, а големи пресврти, би рекол, иновации во уметноста, би биле готиката или импресионизмот. Готиката покажа потполно нов начин на градење. Создаде градби со невидени големини. Во импресионизмот, пак, во сликарството, уметниците првпат ја перципираат и ја претставуваат сончевата светлина во сликите. Еден друг пример за уметнички стил или епоха, чие настанување е директно поврзано со големо општествено поместување, е токму барокот, кој е одговор на католичката црква на протестантската реформација во 17 век. И, да се разбереме, ова нашево стиропор-градење нема врска со барокот. Дваесеттиот век, пак, е приказна сама за себе.

Сепак, дали сметаш дека архитектурата на Скопје секако требаше да добие нова форма?

„Скопје, секако, можеше и требаше да се развива во чекор со времето, но, за жал, таа можност му беше насилно скратена. Во никој случај некој нов лик на градот не смееше и не смее да се прави со менување на фасадите на веќе постојните градби кои се историски и архитектонски вредни, а пред сѐ, се авторски дела“.

Разговарала: Ана Василевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија11 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија12 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија13 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ14 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија16 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија17 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија17 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија17 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа17 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет17 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет19 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет19 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет20 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет20 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија1 ден

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...