Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Павле Богоевски: Учеството во шарената револуција не е заслуга за вработување

Објавено пред

„Нас нè избраа граѓаните, а учеството во шарената револуција ниту било ниту е награда за вработување по институциите“, изјави пратеникот во Собранието, Павле Богоевски, во интервју за „Макфакс“. Богоевски во врска со вработувањата на активисти од шарената револуција во институциите во интервјуто рече дека целта е да им се даде шанса на младите луѓе да ги покажат своите идеи.

dobivaj vesti na viber

„Шарената револуција е многу повеќе од фрлање боја“, рече Богоевски. Изјави дека му недостигаат протестите на шарената револуција на улиците. „Поголема е слободата на улиците отколку во Собранието“, рече Богоевски.

На прашање на „Макфакс“ дали Богоевски, доколку СЈО повторно побара притвор за Груевски и соработниците, би гласал за тоа на собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања по барање на судот, рече дека одговорот е очигледен. Тој се надева дека со изборот на нов јавен обвинител ќе се забрзаат истрагите за настаните од 27 април. Поради ВМРО-ДПМНЕ, не успеавме да му го продолжиме мандатот на СЈО, рече Богоевски, кој очекува да се најде соодветна законска рамка за статусот на Специјалното јавно обвинителство.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Милтон сега е ураган од прва категорија

Околу 12:30 часот по локално време, „окото“ на бурата се придвижи кон внатрешноста, носејќи обилни дождови на североисток кон Орландо....

Европа3 часа

(Видео) Масовен напад врз Русија, погоден магацин со дронови, гори кај воениот аеродром

Украинските сили во последните часови нападнаа неколку цели во Русија со беспилотни летала. Експлозиите се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј...

Свет4 часа

(Видео) Ураган на векот во Флорида, пристигнуваат страшни снимки

Ураганот Милтон пристигна на Флорида околу 20:00 часот по локално време (02:00 часот по македонско), предизвикувајќи торнада и го зафати...

Свет4 часа

(Видео) Сателитот го сними моментот кога ураганот го погоди брегот на Флорида

Ураганот Милтон во средата навечер навлезе во Флорида како бура од трета категорија, според Националниот центар за урагани на САД,...

Свет4 часа

(Видео) Снимка од ураганот Милтон од вселената

Сателитските снимки даваат поглед на ураганот Милтон од вселената додека се приближува до Флорида. This imagery from @NOAA's #GOESEast 🛰️...

Свет4 часа

(Видео) Снимен бран од 8,5 метри во близина на окото на ураганот

Дрон снимил бран висок 8,5 метри и удари на ветер од речиси 122 километри на час во близина на центарот...

Македонија18 часа

Костадиновски по укинувањето на балансерот: Ако јас како мнозинство добијам 100 поени, а вие како малцинство 40 и вие ја добиете предноста, дали ќе имаме стручен јавен сектор

Со мнозинство гласови денес Уставниот суд укина делови од одредбите на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни...

Македонија23 часа

Шеесетмина се затруле на Воената академија, Мисајловски, место храна, сега им исплаќа пари

Вкупно 60 луѓе се затруле од храната на Воената академија минатиот месец, извести денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во...

Свет1 ден

(Видео) Егзодус на Флорида, илјадници бегаат, заглавени на патиштата, без гориво

Денеска е последниот ден за жителите на Флорида да се евакуираат или да се предадат пред ураганот Милтон од петта...

Македонија1 ден

Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасошот, вели СДСМ

„Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но...

Македонија1 ден

„Приоритет на СДС и ДУИ биле сомнителни тендери, цената на автопатот Кичево – Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои...

Европа1 ден

Украински историчар: Зеленски е сакан во странство, но презрен дома

Јарослав Хрицак, професор по историја на Универзитетот во Лавов, во интервју за Corriere della Sera зборуваше за слабостите на украинскиот...

Свет1 ден

(Видео) Предупредувања до жителите на Флорида: Бегајте или ќе умрете

Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот Милтон, ураган од четврта категорија, велејќи...

Свет1 ден

(Видео) Научници влетаа во центарот на монструозниот ураган: камерата сними нереални сцени

Ураганот Милтон се движи низ Мексиканскиот Залив и се поблиску до Флорида. Ударот се очекува во текот на среда, а...

Топ2 дена

МВР за трагедијата во Слатино: Сопругот ќе биде дополнително испитуван

Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на...

Топ2 дена

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино, таткото и малолетниот син пренесени во болница

Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму...

Топ2 дена

Скопјанка го пријавила роднината за полово вознемирување врз малолетната ќерка: ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа

Вчера во Полициската станица Карпош, жена од скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја...

Македонија2 дена

Спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови

На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми...

Топ2 дена

Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во Општина Тетово

Вчера, во 20.15 часот, на улицата Маршал Тито во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот...

Македонија2 дена

(Видео) Владата на СДС и ДУИ ја заглави „Национални шуми“, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по...