„После загубени 4 месеци, владата и Таравари сфатија дека не можат да градат нов клинички центар на друга локација освен во рамките на клиничкиот центар каде што веќе владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за градба и се обезбедија пари. Но, интересно е што и во јуни, Заев и Таравари кажаа дека експерти го гледаат договорот и оцениле дека не треба да се гради, за сега Таравари да продготвува терен за промена на одлуката и пак да вика дека експерти ќе кажале“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на министерот за здравство, Арбен Таравари.
ВМРО-ДПМНЕ побара од Таравари да ги објави имињата на експертите од јуни и на експертите што сега ќе одлучуваат за градба на овој капитален проект за државата, подготвен од ВМРО-ДПМНЕ по сите законски прописи и по највисоки стандарди.
„Јавноста треба да ги знае имињата и квалификациите и на јунските експерти кои на владата и советуваа да го запре проектот и на овие што сега ќе одлучуваат. Доколку не ги објави имињата на т.н. експерти, ќе се потврди дека се е гола политичка одлука на Заев, кој исто како и автопатиштата, патарината кај Куманово, училиштето во Визбегово, градинки на неколку места кои итно ги запре, за потоа по извесен период да ги прикаже како нешто ново што го направило СДС. Уште едно прашање за Таравари. Нели си даде оставка? До кога со лажење и манипулации?“, велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа институција постои за да спречи местење тендери на државните институции. „Да не можат тендерот да го направат на начин што однапред условите во тендерот ќе ги исполнува само една или две-три фирми, туку да биде така направен да обезбеди натпревар на широка конкуренција, поточно на повеќе од 5 фирми, со цел на јавното наддавање цената да се намали да нема договарања меѓу фирмите и фирмите и владата. На Таравари, на Заев и на владата ова им пречи. Тие сакаат уште кога ќе излезе тендерот, да се знае кој ќе е победникот, кој се разбира во такви услови ќе понуди лек по повисока цена, и со поголема заработувачка во која ќе има вградено провизија за сите што треба. Се тоа на сметка на сите граѓани од чии пари се полни буџетот. Таравари, не ти е срам, или и ти ѓон образ како шефот Заев кога бараше мито на снимката?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.