Контакт

Daily news

Почна фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“

Објавено пред

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“  започна синоќа со веќе традиционалното доаѓање на домашните и странски гости на црвениот килим пред Центарот за култура во Битола, на кој продефилираа светски кинематографери, како и претставници од домашната филмска сцена и видни битолчани во вечерни тоалети.

dobivaj vesti na viber

Свеченоста на отворањето на фестивалот беше во знакот на доделувањето на лауреатите на двете награди за животно дело „Златна камера 300“, на великаните на светската кинематографија, Пјер Лом и Џузепе Ротуно, а заврши со проекциите на филмовите „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски и „Насоки“ во режија на Стефан Комадарев и кинематограферот Веселин Христов, прв од главната селекција.

Актерот Сашко Коцев, во улога на водител на свеченоста, најпрвин го повика директорот на фестивалот Благоја Куновски  да се обрати пред публиката. Куновски ги поздрави присутните, им се заблагодари на сите чинители кои го овозможуваат одржувањето на „Браќа Манаки“ и го потенцираше огромниот труд кој тимот редовно го вложува за резлизација на фестивалот.

-Фестивалот е резултат на трудот на нашиот тим, кој со здружени сили, многу верба, ентузијазам, издржливост и голема одговорност го овозможува одржувањето на овој фестивал. Пред последниве две години од позиција на директор на фестивалот, долги години работев и како уметнички директор, а мојата генерациска привилегија беше да бидам сведок и на основањето на фестивалот и еве сега сме на дофат на четиридеценискиот јубилеј – рече Куновски.

Тој исто така истакна дека било кој филмски фестивал и во најмалата држава, а не само фестивалите во Кан или Венеција, е голем настан и доживување на секоја земја која е домаќин.

-Ние сме горди што нашиот фестивал Браќа Манаки е дел од стоте филмски фестивали што ја слават вистинската филмска уметност, рече Куновски

Публиката во полната сала на Центарот за култура со громогласен аплауз реагираше на емотивниот говор на  првиот годинашен лауреат на Златна Камера 300 за животно дело, славниот италијански кинематографер Џузепе Ротуно, кој не беше во можност да дојде во Битола, но преку видео порака и се обрати на публиката во Македонија и рече: Ви благодарам многу за оваа награда, му благодарам на фестивалот Манаки, за вашата волја да ми ја дадете наградата и тоа ми е големо задоволство“.

Во име на Ротуно, заслужен за над 80 филмови кои ја дефинираа европската кинематографија, наградата ја прими неговиот некогашен студент, а сега и самиот кинематографер – Лука Коасин. Тој беше почестен од оваа можност и задоволен што фестивалот „Браќа Манаки“ го одликува делото на овој значаен кинематографер. Коасин ја замоли публиката во салата да аплаудира за да ја сними и таа снимка да му ја покаже на Ротуно.

Втората награда за животно дело „Златна камера 300“ му припадна на францускиот и светски кинематографер Пјер Лом, а му беше врачена од страна на претседателот на  Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Пјер Лом рече дека е многу задоволен што една од наградите му припадна токму на великанот Џузепе Ротуно, кој според него покажал што се може да направи кинематографијата. Тој исто така истакна и дека кинематограферите се луѓето кои ја овозможуваат филмската уметност и затоа е среќен што фестивалот „Браќа Манаки“ ја слави токму кинематографијата.

-Во оваа пригода би сакал да им се заблагодарам на сите мои колеги филмаџии,а посебно кинематографери, бидејќи тие се оној „прв човек зад камерата“ што ни покажува од каде почнал филмот, токму оние што биле зад камерата и ги снимале подвижните слики се првите филмаџии. Што се однесува на мене, сметам дека имав многу среќа во животот затоа што работев со луѓе на кои што филмот им беше најважната работа во животот и се надевам дека овој фестивал ќе успее на вам да ви ја долови таа страст – рече  Лом.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ пак, која ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија, оваа година за прв пат и припадна на институција, а не на личност. Претседателот на ДФРМ, Роберт Насков  ја посвети наградата на најстарата продуцентска куќа во Македонија, „Вардар филм“, која оваа година одбележува 70 години од формирањето.

-За жал „Вардар филм“ веќе не постои, па затоа нема кој да ја прими наградава. Ова е на некој начин постхумно доделување на наградата и тоа ја покажува нашата негрижа за културата и традицијата. Со оваа награда ДПФМ сака да им оддаде почит на сите кои биле вработени во Вардар филм и на тој начин придонеле за развојот на македонската кинематографија – рече Насков.

Пред почетокот на проекциите на краткометражниот филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски и „Насоки“, филмот во македонско-бугарско-германска копродукција, свое обраќање имаше претседателот  Иванов.

Иванов говореше за контастот на темнината и светлината, и интересот на браќата Милтон и Јанаки Манаки кои ја купиле првата камера на Балканот за светлината ставена во уметнички контекст.

– До денес, многу кинематографери од Македонија, Европа и од светот ги споделија со нас своите врвни уметнички остварувања на нашиот меѓународен фестивал на филмската камера. Наспроти разликите, сите филмови имаат едно нешто заедничко, а тоа е контрастот меѓу темнината и светлината и физичката, но и етичката. Затоа, кога ни се чини дека темнината натежнува и ситуацијата изгледа безнадежна, треба да се сетиме на зборовите на еден наш поет, дека ноќта е најтемна пред разденување. Светлината најјасно свети во најмрачните моменти – рече претседателот Иванов и го прогласи фестивалот за отворен.

Свеченоста на отворањето ја збогати и пероформансот во режија на Нела Витошевиќ, на кој актерите и младите танчери од ФМУ прикажаа енергичен колаж од познати филмски сцени од опусот на лауреатите на наградата за животно дело.

Новиот краток филм на Манчевски „Крајот на времето“, во Битола ја имаше својата македонска премиера, а по проекцијата на „Насоки“, пред публиката се поклони дел од филмската екипа, предводена од продуцентите Владимир Анастасов и Ангелина Несторовска од „Сектор филм“, како и актерите и кинематограферот Христов.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет10 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет17 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет17 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет17 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет18 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет18 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 дена

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...