Контакт

Daily news

Меркел пред четврт мандат

Објавено пред

Граѓаните на Германија денеска гласаат на парламентарните избори во земјата на кои се очекува канцеларката Ангела Меркел да го освои четвртиот мандат.

dobivaj vesti na viber

Меркел и нејзиниот конзервативен блок на Демохристијанската партија и баварската Христијанска социјална унија водат во јавните анкети. Иако поддршката за Меркел опадна во минатата недела, сепак нејзиниот блок води со 34 до 37 проценти по што следат социјалдемократите со 21 процент. Најголемиот противник на Меркел е социјалдемократот Мартин Шулц.

По француските ова се најважните избори во Европа годинава така што сите очи се вперени денес во Германија.Парламентарните избори во 2009 и 2013 година донесоа значителен пад на излезноста на изборите на околу 70 проценти, но со растот на популистичките движења кои привлекуваат негласачи од покраините, се очекува бројките годинава значително да пораснат.

Годинава, според германскиот Завод за статистика, 61,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори. Повеќе од една третина од германските гласачи- 22 милиони – се постари од 60 години, што значи дека постарата генерација има особено влијание врз изборниот резултат.

Гласачот има право да селектира двајца кандидати. Гласањето е поделено на два дела. На првото ливче се дава глас за кандидат од изборната единица според мнозински принцип, додека на второто гласачот се определува за политичката партија според пропорционалниот модел.
Пратеничките места потоа се делат еднакво – по 299 за мнозинскиот и пропорционалниот глас. Германија е поделена во 299 изборни единици со приближно по 250 илјади жители, и секоја добива по еден претставник.

Втората половина од Бундестагот се пополнува со т. н. „втор глас“ или глас за партијата за кој важи пропорционалниот модел, односно секоја партија добива пратеници според процентот на освоени гласови.

Она што го прави гласањето особено интересно е што гласачот може да ги подели своите гласови меѓу партиите, па на пример, првиот глас да го даде за локалниот кандидат на ЦДУ во неговата изборна единица, а да гласа за Либералите со вториот глас, со цел да му помогне на традиционалниот коалициски партнер на демохристијаните да има повеќе пратеници во парламентот.

Понекогаш, некоја партија добива повеќе директни места во парламентот преку првиот глас одошто добила преку вториот. Со оглед на тоа што на секој кандидат кој победил во својата изборна единица му се гарантира пратеничкото место, партијата ги задржува тие „прелеани“ места. Оттука, парламентот честопати брои повеќе пратеници од предвидените 598. Актуелниот, на пример, имаше 630 пратеници поради ваквото прелевање.

За една партија да си обезбеди место во Бундестагот мора да освои најмалку 5 проценти од вторите гласови. Овој систем беше усвоен за да се спречат малите партии- како оние во времето на Вајмарската република – да влегуваат во парламентот. Досега пречката од пет проценти беше користена за да им се оневозможи на деснорадикалната НПД и други екстремистички партии да влезат во парламентот.

Во досегашниот состав, во парламентот беа претставени пет партии: демохристијанската ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и нејзината сестринска партија од Баварија – ЦСУ, Социјалдемократите, Левицата, и Партијата на Зелените.Според очекувањата, ним годинава би можеле да им се придружат уште две партии: Либералите, кои во 2013 година за првпат не успеаја да ја преминат границата од 5 проценти, како и популистичката, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АфД).

За разлика од претседателскиот систем во САД, гласачите во Германија не го бираат канцеларот директно. Тоа го прави парламентот не подоцна од еден месец по неговото конституирање. Водечкиот партиски кандидат на партијата која освоила најмногу гласови вообичаено успева да формира коалиција. Претседателот, кој е шеф на државата и има церемонијална улога, му го дава мандатот на избраниот кандидат, а парламентот потоа го потврдува новиот канцелар на тајно гласање.

Доколку, како и во претходните три изборни циклуси, ЦДУ освои мнозинство од гласовите, нивниот кандидат за канцелар Ангела Меркел ќе ја добие функцијата и во следните четири години. Во Германија нема ограничување за бројот на мандати на канцеларот. Но досега, по падот на Хелмут Кол, ниту еден канцелар не бил на функцијата подолго од 16 години.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија8 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ9 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија11 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија14 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија14 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија16 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија16 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија17 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија17 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија18 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија18 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија18 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија18 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет22 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет22 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет23 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет23 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа23 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет23 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...