Daily news
(ВИДЕО) Заев: Ќе градиме според план, заврши времето на „Миле, ми текна, ај да ставиме овде еднo фонтанче“
Со благодарност до градоначалниците и најава „За живот во сите општини“ вечерва од Широк сокак своите пораки ги испрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој им порача на граѓаните дека Македонија се менува и дека ќе биде достојно место за живеење.
„Ја вративме слободата, ги враќаме парите на граѓаните, го враќаме животот во Македонија, но не запираме тука. Се изборивме за промена и за надежта дека можеме да живееме во просперитетна Македонија. По целата голгота, промените се тука и продолжуваат. Новата Влада предводена од СДСМ е одговорна и домаќинска, а се грижи и за потребите на граѓаните. Докажавме дека ја водиме ова политика, политика која служи на граѓаните, а не робува со нив. Ние ги остваруваме мерките на Владата што ги ветивме. Скративме повеќе од 45 милиони евра кои се непродуктивни трошоци“, рече Заев за работата на Владата.
Заев на почетниот минтинг во Битола спомена и дел од мерките спроведени во првите четири месеци, меѓу кои евтината тарифа на струјата, покачувањето на минималната плата, но и укинување на радиодифузната такса.
„Ни треба вашиот влог за да работиме заедно, за живот за сите. Промената почнува од вас, од секое село и град. Да работиме заедно за во сечиј дом да бидат видливи промените. Имаме план за живот во Македонија за сите. Програмата на СДСМ и коалицијата се потпира на четири столба. Прво, градиме по план бидејќи заврши времето на „Еј, Миле, ми текна, да ставиме овде фонтанче?“ Второ, работиме за чиста вода и чист воздух. Битола е пример бидејќи лелек ечи на сите страни. Трето, насочуваме повеќе пари кај граѓаните. Носиме поддршка за домашните компании, со цел нови и подобро платени работни места. Четврто, граѓаните ќе ги добијат сите потреби на едно место. Обезбедуваме ефикасен јавен превоз и чисти загреани училишта. Ќе има помош за сите. Ставаме крај на децениското самоволие каде што градоначалниците им ги исполнуваат барањата на партиските шефови“, рече Заев од Битола.
Коментирајќи го слоганот на ВМРО-ДПМНЕ, „Нова ера“, рече дека Македонија веќе живее нова ера ослободена од режимот на Груевски, каде што поранешниот премиер потрошил 38 милиони евра за свое рекламирање. Заев потенцира дека целиот свет слушнал какви насилници се кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ, кои притоа работеле по директива.
„Вели СДС без „М“ бидејќи не сме биле патриоти. Не! Ние сме поголеми патриоти од нив! За живот во Битола, за живот во Македонија. Нека му е на чест кога граѓаните се исмеваат со него. Еден граѓанин ми вели: „Претседателе, тоа ДПМНЕ значи демонтиран патриот за монтирање нова ера?“. Има и добри кандидати меѓу нив, но битолскиот не е дел од нив. Ќе работиме за граѓаните на Македонија, ќе бидеме поинакви од нив“, додаде Заев коментирајќи ги изјавите на Груевски.
Тој потенцира дека дошол во Битола за да бара и моли за гласови бидејќи Македонија можела подобро да живее, додавајќи дека секој граѓанин е важен. По ова, Заев ги претстави советниците и кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска.
Кристијан Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.