Регион
Повторно се намалува наталитетот во Словенија

Во последните пет години во Словенија повторно е забележан тренд на намалување на бројот на новороденчиња, па нивниот број секоја година во просек се намалува за 3 до 4 отсто, а демографите посебно ги загрижува фактот што во следните 10 години значително ќе се намали уделот на генерации жени во период за раѓање во општата популациска слика на државата.
Лани во 14 родилишта на свет дошло 20.001 дете, што е 610 породувања помалку од претходната година. Во само две родилишта бројот на раѓања е зголемен, додека во другите опаѓа.Трендовите ги потврдуваат стравувањата за последиците на сè постарата демографска структура на словенечкото општество, што ги загрижува и економистите, а не само демографите и заговорниците за поактивна популациска и социјална политика.Според податоците на словенечкиот национален Институт за јавно здравје, најмал број деца во Словенија по осамостојувањето се родени во 2003 година, 17.160, но трендот таа година беше запрен, па бројот на новороденчиња сè до 2011 година растеше, кога повторно започна да опаѓа.Освен влијанието на кризата и намалените можности на младите семејства да издржуваат повеќе деца, новиот пад на бројот на новороденчиња се толкува и со смалувањето на уделот на жените на возраст за раѓање во вкупната структура на населението, што ќе биде уште поизразено во следните десет години ако не се промени имиграционата политика или не се воведат дополнителни стимули за семејствата со повеќе деца.Словенечките демографи наведуваат дека нивната земја во смисла на природна обнова на популацијата е една од најзагрозените во Европската унија, бидејќи статистички гледано десет жени за време на животот раѓаат 12 деца, додека по Втората светска војна односот на наталитетот и морталитетот сè уште осигурувал „проста репродукција“, односно одржливо обновување на населението со 21 новородено дете на 10 жени.Во Словенија денеска три пати повеќе луѓе умираат годишно, отколку што се раѓаат, без оглед што животниот век заради подобрите услови за живот и негата на старите е сè подолг, а очекуваната животна доба на новите генерации е висока. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин