Контакт

Daily news

(ВИДЕО) „Кога зградите би зборувале“ – проект во киното на Железничката зграда во Скопје

Објавено пред

„Целиот комплекс на Железничка зграда во Скопје и старото кино кое е дел од овој објект е во многу лоша кондиција и овој простор би можел да претставува мултимедијален простор во кој ќе има можност да се случуваат дебати, изложби, дискусии. Тој треба да биде од интерес за  општинските власти со што би помогнале киното да продолжи да живее како заедничка содржина на сите станари, а не да се претвори во простор кој е мамка за станарите за присвојување во приватни цели“, вели Ивана Васева, кураторка на проектот „Кога зградите би зборувале“, кој ќе се одржи викендов (сабота и недела) во киното на Железничка зграда во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Дводневниот настан опфаќа панел-дискусија утре од 11 часот, со гостите од градовите-партнери на проектот Белград и Загреб и професори од Архитектонскиот факултет од Скопје, а ќе учествуваат и тројца станари на зградата Иван Џијановски, Слободан Кочевиќ и Томе Каревски. В недела, пак, од 12 часот е перформанс кој е дел од придружната програма на фестивалот „Млад отворен театар“, а учествуваат актерките Кристина Леловац, Сања Арсовска, Јасмина Василева и Долорес Поповиќ и самите станари.

Комплексот Железничка колонија изграден 1946 година, проектиран од архитект Михаил Дворников во Скопје претставува еден од најважните прототипови на интегрирано живеење во рамките на периметрален блок со централен двор во Република Македонија. Овој тип на станбен блок (Железничка колонија) се гради во време кога Ле Корбизје го гради Марсејскиот блок (Unite d’Habitation),  што претставува културно светско наследство прогласено од УНЕСКО. Железничката колонија во Скопје е објект наменет за живеење на луѓе вработени во Државна дирекција за железници–Скопје во рамки на сојузната југословенска управа. Објектот е станбен блок со намена живеење, а е организиран со мултиплицирање на повеќе секции околу централен заеднички двор.

„Зградата ја преживеа поплавата во 1962, земјотресот во 1963, па и ланските земјотреси кои ни направија големи штети. Ние тројца го одржуваме зеленилото, дел од дрвцата се засадени кога се менуваше локалната власт на минатите избори. Порано имаше во секој ќош липи, но станаа опасност за становите. Сè правиме сами“, вели Иван Џијановски, кој е еден од станарите вклучен во проектот од самиот почеток.

Филип Јовановски, автор на перформансот и дел од организацискиот тим, вели дека целта е да се покаже како уметноста и културата на еден партиципативен начин на вклучување на заедницата влијаат на одредени општествени промени.

„Она што ме  интересира е создавање уметнички проекти кои се поврзани со заедницата, во овој случај станарите од Железничка зграда со кои заедно градевме одредена приказна и дел од тој процес ќе биде претставен на перформансот в недела во 12 часот.  Овој проект  го покренува прашањето за важноста на јавниот простор, на социјалното домување и колективот воопшто, сè она што опфаќа оваа зграда. Што се однесува на перформансот, темата е самата зграда; едната линија  е прошетка низ меморијата на тројца станари Иван, Томе и Слободан, и преку нивното сеќавање правиме прошетка за публиката низ оваа зграда, а втората е самото кино каде се одржувале секакви настани. Самата идеја да се проектира кино во еден станбен објект била многу напредна и сакаме да го потенцираме значењето на тој објект“, завршува Јовановски.

„Вклучен сум во проектот од самиот почеток пред две години и за мене како архитект беа важни две насоки: времето кога е изградена зградата и како таа се менувала и пригадолувала и како се вклопува во денешен контекст и втората односите на луѓето во самата зграда. Зградата е еден мал организам постојано изложен на промени кои се видливи и тие трансформации на зградата и луѓето ми се фокусот на утрешниот панел со гостите-колеги од Србија, Хрватска и професорите од Архитектонскиот факултет, а перформансот в недела го заокружува целиот процес. Инаку, како архитект не би менувал ништо на зградата, само би го вратил објектот на почеток, односно дворот би го отворил од двете страни и би ја продолжил пешачката пасарела за да комуницира просторот“, вели Дејан Ивановски, истражувач и ко-автор на сценариото.

Процесот „Кога зградите би зборувале“ подразбира истражување на Железничка зграда во Скопје од ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград во соработка со партнерот Супервизуелна и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб, во соработка со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб, во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година.

Проектот е поддржан од Балкански фонд за уметност и култира (BAC). BAC е спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Европската културна фондација (ECF).

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа8 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет8 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет8 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа8 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа9 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа15 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија17 часа

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа19 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија19 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа19 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа20 часа

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија21 час

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија22 часа

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа22 часа

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...

Свет22 часа

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но...

Свет22 часа

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што...

Европа22 часа

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати,...

Македонија1 ден

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја...

Скопје2 дена

Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје,...