Daily news
Од 12 октомври почнува меѓународниот театарски фестивал „Скупи“
„КУЌАТА НА БЕРНАРДА АЛБА“ – ТЕАТАР „АНДОН ЧАЈУПИ“ – КОРЧА, АЛБАНИЈА
Претставата „Куќата на Бернарда Алба“на Фредерико Гарсија Лорка е спектакл на отворено. Ова е единствениот перформанс на фестивалот што ќе се одржи во неконвенционален простор. Се потрудивме приказната да ја адаптираме на местото на дејството со цел публиката полесно да се соживее и да ја доживее како блиска. Посетителите ќе имаат можност да ја следат претставата во автентичен амбиент и да се почувствуваат како навистина да се наоѓаат во куќата на Бернарда Алба.
„ЅВЕРОТ“- ТЕАТАР „У МОСТА“- ПЕРМ, РУСИЈА
Оваа неверојатна претстава на театарот „У Моста“ стана легендарна бидејќи предизвика огромен одѕив, испровоцира бура од спротивставени чувства и го направи театарот популарен во Русија и во странство. Дејството се одвива во урнатините на исчезнатата цивилизација. Татко, мајка и нивната ќерка се единствените преживеани на Земјата. Тие талкаат низ пустината, изгорени од атомската катастрофа, во потрага по други луѓе за да го спасат животот во универзумот. И покрај морничавата атмосфера на животот по светскиот Армагедон, претставата остава чувство на светлина и катарза.
„МАЧЕНИК“ – ГРАДСКИ ТЕАТАР ЃАКОВИЦА – ЃАКОВИЦА, KОСОВО
Контрoверзната драма „Маченик“ од германскиот драматург Мариус вон Мајенбург нè воведува во животот на младиот Бенџамин Синклер. Тој го претставува католичкиот фундаментализам отежнувајќи им го животот на тие што го опкружуваат. Како темпирана бомба приказната ја возбудува публиката, но истовремено освојува прикажувајќи колку е збунувачки современиот свет со неизбежниот притисок да се биде политички коректен, толерантен и без предрасуди почнувајќи една бескрајна дебата за религијата, догмата и науката.
„ПУШИ КАКО МАЖ“- СОЛО УМЕТНИК – ТЕЛ АВИВ, ИЗРАЕЛ
„Пуши како маж“ е монодрама инспирирана од животот на Фрида Кало. Овој физички театарски перформанс открива аспекти од животот на една комплексна, независна и бунтовна жена. Жена што ги прекршува кодексите на општествените норми, се соочува со прашањата на идентитетот и половите разлики, од политиката до уметноста, храбро го поплочува патот за многу жени во годините што ќе дојдат. Веднаш кога докторите ќе ја известат дека ногата мора да ѝ биде отсечена, Фрида бега во својата соба и се заклучува во неа. Минувајќи низ физичката болка и емоционална бура, чувствуваjќи се како ѕидовите на собата да се стеснуваат, заканувајќи се да ја згмечат додека докторите тропаат на нејзината врата, Фрида умствено бега на пат кон справување со своето болно тело и општествените норми со кои била израсната.
„ВИЗИИ ОД СРЕБРЕНИОТ ВЕК“ – ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРНА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА – БЕЛГРАД, СРБИЈА
„Визии од сребрениот век“e приказна за незамисливото; Фатима им припаѓа на преживеаните, а нејзиниот маж и син, како и многу други – не. Воените профитери не дозволуваат војната да заврши. Мировните трупи немо набљудуваат. Нема помош за жртвите. Тие стануваат недопирливи во сопствената осаменост. Театарот не мора да се занимава со политика и, најверојатно, нема да може да понуди решение. Но, може и треба да поставува прашања за луѓето што се вмешани во историските случувања, за оние што преживеале и кои мора да продолжат да живеат со товарот на преживеаното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.