Daily news
(ВИДЕО) Бајрактаров: Ќе ги зголемиме хигиенските стандарди во Струмица
Марјан Бајрактаров, кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, одржа прес-конференција, на која ја претстави програмата пред гласачите на овој град.
„Струмица е доволно пространа да ја наречеме голем град, истовремено доволно мала за пријатен и безгрижен живот. Таа е меѓата на која еснафскиот дух на луѓето е во нераскинлива врска со природното наследство. Мојата визија во оваа изборна кампања е модерна и чиста општина со која ќе се идентификуваат и помладите и постарите. Време е да се постават стандардите на нова ера. Ќе се залагаме за рамнотежа на градбите и зеленилото и ќе работиме на еднаков развој на градот и населените места и паметно управување со нашиот заеднички животен простор“, рече Бајрактаров.
„За младите луѓе ќе создадеме услови да напредуваат и работат во сопствената општина, високо ќе ја ценам и почитувам стручноста и квалитетните луѓе ќе бидат поставени на вистинските места. Ќе ги зголемиме хигиенските стандарди и технички ќе ги опремиме градинките и училиштата. Активно ќе го поттикнувам развојот на нови индустриски капацитети и иновативните бизниси. Капитални проекти кои ги предлагам во програмата за овие локалните избори за општина Струмица се: Современ градски пазар на површина од 30.000 м2 со модерни продажни места и голем паркинг-простор. Реконструкција на градскиот плоштад и на ул. Благој Мучето, која ќе опфати замена на гранитните плочки со нови, кои ќе бидат поставени на бетонска подлога за разлика од сегашните кои се поставени на песочна подлога“ додаде тој.
Бајрактаров ветува и унапредување на енергетската ефикасност на колективните станбени згради. „Општината ќе субвенционира комплетни енергетско ефикасни фасади за станбените објекти постари од 40 години. Изградба на спортско-рекреативен комплекс на река Тркања. На влезот на градот Струмица кај река Тркања, ќе се изгради спортско-рекреативен комплекс, наменет за сите генерации. Комплексот ќе вклучува: пешачка патека, велосипедска патека, скејт-парк, летниковци, урбана опрема и други придружни елементи“, изјави Бајрактов.
„Реконструкција и уредување на поројниот канал „Крушевска Република“, и облагородување на околниот простор со хортикултурно уредување, поставување на клупи, огради и канделабри. Изградба на три нови детски градинки. Општината ќе изгради три нови детски градинки во Струмица, во с. Куклиш и во с. Муртино. Булеварско решение на ул. „Климент Охридски“ на потегот од „Жито Струмица“ до излезот на градот кон Валандово. Предвидено е проширување со уште две ленти со околни тротоари. Изградба на нов булевар на потегот од ул. „Братство и единство“ покрај автобуската станица и Агроберзата и поврзување до обиколниот пат Струмица – Ново Село. Изградба на терени за тенис со современа подлога согласно со стандардите на Светската тениска асоцијација, како и целосно инфраструктурно поврзување со осветлување за ноќни натпревари, пристапни патеки и жичана ограда. Денес, најавувам уште еден проект, а тоа е бесплатен приклучок на гасоводната мрежа. Општината целосно ќе го субвеницонира приклучокот и со тоа ќе се намали загадувањето и ќе ја потврди нашата заложба за чиста еколошка средина“, дополни кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.