Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: Животот што го ветуваше СДСМ дојде само за функционерите на СДС

Државата со СДС оди кон пропаст. Животот што го ветуваа дојде само за функционерите на СДС и пајташите на Заев, за сите други е беда и сиромаштија. Владата нема план, уште помалку волја да решава проблеми.
За само 4 месеци, СДС ја доведе македонската економија пред колапс. Неспособното раководство на СДС на чело со Зоран Заев за краток период додека се на власт успеа државата да ја доведе на работ пред банкрот.
„Планот за живот” на СДС на граѓаните им ветуваше просечен раст на економијата од 5% годишно, но наместо тоа само за првите четири месеци имаме пад на бруто-домашниот производ за 1,8%.
Ветуваа просечна плата од 500 евра, но лошите економски политики што ги водат придонесоа за пад на просечната бруто плата два месеца по ред.Трошењето на 420 милиони евра пари на граѓаните на ветер и магла, а не на реални и развојни проекти за државата резултираше и со пад на индустриското производство за 5.3%, и пад на извозот за 12%, што суштински резултира со помалку пари за компаниите и индиректно значи помалку нови работни места и повисоки плати за работниците.
Помалку профит за компаниите директно повлекува помалку пари во касата на државата за нови инвестиции кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Помалку пари за нови болници, нови градинки и нови патишта.
Политиката на намерно блокирање на изградба автопатите и други, капитални инвестиции, само затоа што започнало да ги гради или изградило ВМРО-ДПМНЕ, имаше влијание и на двоцифрен пад на производството во градежниот сектор кој е еден од главните двигатели на македонската економија, од кој зависат вработувања на илјадници и илјадници градежни работници.
Деструктивната политика која СДС и Заев ја имаа кон странските инвеститори донесе нула нови странски инвестиции, пад на директните странски инвестиции за 100 милиони евра и ги натера инвеститорите да размислуваат да си одат од државата.
Севкупната лоша економска состојба во државата се одрази и на работењето на банките, каде Народната банка констатираше пад на активноста на банките за 1.6%, што значи дека компаниите сè помалку бараат кредити, но и сè потешко добиваат кредити.
СДС ветуваше „живот за сите”, повеќе пари за сите во семејните буџети, но донесоа само поголема сиромаштија за сите граѓаните во државата.
Економскиот пустош што ѝ го направија на државата граѓаните го чувствуваат на своја кожа и поради ваквите неодговорни политики СДС ќе биде убедливо поразен на претстојните локални избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.