Контакт

Daily news

Историја на Каталонија: Кои се Каталонците и зошто бараат независност?

Објавено пред

Каталонците се народ со посебен јазик, култура и историја. Живеат во каталонските земји, во чиј состав влегуваат Валенсија, Балеарските Острови, делови од шпанскиот регион Арагон, Русилон во јужниот дел на Франција и самата Каталонија. Каталонија е област во североисточна Шпанија каде што живеат 7,5 милиони луѓе. Оваа област учествува со 15 проценти од шпанската популација и 20 проценти од нејзината економија. Меѓу најпознатите Каталонци се сликарот Салвадор Дали, архитектот Антони Гауди, Џоан Миро, Феран Адрија и фудбалерот Пеп Гвардиола.
Каталонската автономија е тема што често се повторува во историјата на земјата.

dobivaj vesti na viber

Дефинираниот регион на Каталонија првпат бил споменат во 12 век, стотици години пред обединувањето на Шпанија. По декретот на Нуева Планта од 1716 година, бил ставен под директно владеење на Мадрид. Во 1931 година, кога Шпанија станува република, Каталонија добила поголема политичка автономија во државни рамки. Но, по Граѓанската војна во Шпанија, воената влада на Фрациско Франко ја укинала автономијата на регионот. Во текот на владеењето на Франко, од 1939 до 1975 година, каталонската култура била строго потисната. Симболите на каталонскиот идентитет, како castellas или кули од луѓе, биле забранети, а Каталонците, според некои информации, биле принудени да им даваат шпански имиња на своите деца. Во јавноста било забрането да зборуваат на мајчин јазик.

По падот на Франко желбата за автономија на Каталонија повторно еволуирала. Во 1979 година бил објавен нов Статут за Каталонија, подоцна обновен од каталонскиот парламент. Изборите за телото од 135 члена беа одржани во март следната година. Регионот, кој го сочинува една од 17-те шпански автономни заедници, има своја сопствена полиција и овластување за прашања како што се образованието, здравството и социјалната заштита. Исто така, постојат одредби за заштита на каталонскиот идентитет вклучувајќи статус на заеднички јазик за каталонски и кастилски, а со законот, наставници, лекари и вработени во јавниот сектор може да го користат каталонскиот јазик на работното место.

Напорите за целосна независност од Шпанија добиваат интензитет последниве години, особено по економската криза во Шпанија во 2008 година. Поддржувачите на независноста тврдат дека Каталонија е еден од најбогатите шпански региони и дека дава повеќе финансиска поддршка за Шпанија, повеќе од централната влада во Мадрид. Многумина сметаат дека силната економија на регионот покажува дека ќе биде одржлива како суверена држава. Во Барселона, главниот град на Каталонија и една од поголемите туристички дестинации, живеат околу 1,6 милион луѓе.

Референдумот за независност што се одржа вчера е втор во последните три години. На 9 ноември 2014 Каталонците спроведоа т.н. симболичен референдум бидејќи по барање на централната влада во Мадрид, Уставниот суд на Шпанија во два наврата го прогласи незаконско организирањето референдум за независнот на Каталонија.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија3 часа

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија6 часа

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет6 часа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија8 часа

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија9 часа

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized11 часа

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија14 часа

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија1 ден

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија1 ден

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија1 ден

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ1 ден

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија1 ден

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ1 ден

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија1 ден

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија1 ден

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија1 ден

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија1 ден

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија1 ден

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...