Контакт

Daily news

СДСМ: Палмите на ВМРО-ДПМНЕ овенаа како нивната „преродба“

Објавено пред

Васко Лазаревски, кандидат за член на Советот на Град Скопје, ги обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ дека „бетонирајќи“ го Вардар ја зголемиле опасноста од поплави.

dobivaj vesti na viber

„Злосторничкото здружение предводено од Никола Груевски и Коце Трајановски потроши десетици милиони евра за Панорамско тркало, бетонирани ‘пиратски’ галии, жални врби, водоскоци и што уште не, иако градењето во коритото на реката Вардар е најстрого забрането поради ризикот од поплава. За да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски, Коце Трајановски потроши милиони евра пари на граѓаните за градби во Вардар со кои се нарушува безбедноста на граѓаните и екосистемот во реката.

Коце Трајановски и Никола Груевски знаеја уште во 2008 година дека пропусноста на коритото на реката Вардар во Скопје е намалена за 10 до 16 оттсто. Но, сепак, решија да ги градат своите забегани проекти, игнорирајќи ги укажувањата на граѓаните и експертите дека со градбите во коритото на Вардар дополнително се намалува пропустната моќ.

Наместо да вложува во инфраструктура за заштита од поплави и поројни текови, Трајановски и Груевски ги трошеа нашите пари за Панорамско тркало, карусели, лавови и скапи споменици, милионски огради, галии, жални врби, плажи покрај партискиот музеј и скапи палми кои овенаа како нивната ‘преродба’.

На 15 октомври му ставаме крај на ова злосторничко здружение кое ја загрози безбедноста на граѓаните со ризичните градби во Вардар оставајќи го Скопје без заштита од поплави. Новата градска администрација ќе изготви нов план за заштита од поплави и ќе ги реализира сите експертски препораки за заштита на коритото на реката Вардар и градот Скопје од поплави и други елементарни непогоди“, порача Лазаревски.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје....

Македонија2 часа

Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето...

Македонија2 часа

ЕВН ќе ја гасне струјата во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме

ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по...

Македонија4 часа

МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: паднал од кровот на викендичката на Осогово и загинал

Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Според информациите,...

Топ8 часа

Возач со автомобилот удри во 77-годишен мотоциклист во Штип и побегна од местото

Вчера на улицата Гоце Делчев во Штип, автомобил удри во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од...

Свет8 часа

Подготвени сме на било каква акција во Либан, рече израелскиот министер по заканите на Хезболах

Израел е подготвен за секаква акција што може да биде потребна во Газа, Либан и дополнителни области, изјави израелскиот министер...

Македонија8 часа

МНР: Македонските граѓани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува македонските државјани кои се наоѓаат во оваа држава,...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Како држава мора да имаме силни и брзи резултати за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада...

Свет12 часа

Романската воена база наскоро ќе стане најголема НАТО база во Европа: „Зголемено е американското присуство“

Воздухопловната база Михаи Когалничану во Романија се подготвува да стане најголемата воздухопловна база на НАТО во Европа, поголема од Рамштајн...

Свет12 часа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил рано утринава, по...

Македонија14 часа

Времето сончево, попладне со услови за интензивен пороен дожд, ветер и град

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен...

Македонија23 часа

Почина поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов

На 62-годишна возраст, денес во Кочани, почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Неговите сопартијци се збогуваа со...

Топ1 ден

Свршеникот на Мартина која загина во несреќата во Грција: „Ти си ангел кој ќе сјае во рајот, почивај во мир душо моја најсакана“

Свршеникот на 29-годишната Мартина од Битола која загина во сообраќајната несреќа во Грција, со емотивна порака на социјалните мрежи се...

Македонија1 ден

(Видео) Ставен под контрола пожарот во Кичево

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево. Хеликоптерот...

Топ1 ден

Почина 35-годишно момче во Скопје – му се слошило дома па лекар во Градската болница констатирал смрт

Триесет и петгодишно момче (Е.Д.) почина во Скопје. Тој бил донесен во Градската болница во текот на вчерашниот ден, без...

Македонија1 ден

Спасовски: Мицкоски го смени ставот за Преспанскиот договор, а програмата на Владата е далеку од ветувањата

Програмата на Владата и концептите на партиите кои се дел од мнозинството се различни од ветувањата коишто беа дадени пред...

Македонија1 ден

Мицкоски од Собранието: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам инвестиции и реформи

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана...

Топ1 ден

Во несреќа кај Глумово повредени четири лица меѓу кои и деца, едниот од возачите побегнал

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат кон селото Глумово, скопско. Во несреќата...

Регион1 ден

Како снема струја на Балканот

Невиден колапс на електроенергетскиот систем ги погоди Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија. Се сомнева дека – во...

Македонија1 ден

Големи гужви за влез во Грција, се чека и до еден час

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и...