Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Манасиевски: Тие што напаѓаа поради автократија, сега се дел од вистинската автократија

Објавено пред

Владата ги собра „шарените“ демонстранти во Министерството за образование. Оние што напаѓаа за таканаречена автократија, сега се дел од вистинската автократија, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„СДС ги изедначи работните групи на МОН со самоформираните пленуми, кои немаат право на одлуки туку само надворешна контрола на работата на министерството“, рече Манасиевски.

Тој рече дека гласните извици на шарените демонстранти да не се користат учениците, студентите и наставниците во дневно-политички потреби на политичките партии веќе не се слушаат.

„Долгот кој СДС го имаше кон шарените револуционери се исплаќа во експресно брз период. Шарените имаа обиди да му помогнат на СДС да дојде на власт со рушење на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозните протести, бесрамното боење на Скопје и нападите врз полицијата само предизвикаа страв и паника помеѓу населението. Македонија не доби бенефит од нив. Тие добија од СДС работни места од каде што можат на управуваат со државата, токму од Влада и министерствата“, нагласи Валентин Манасиевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа21 минута

(Видео) Првите снимки од разорниот земјотрес што ја погоди Турција: Се се тресе, луѓето бегаат

Исклучително силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ. #deprem #earthquake #turkey #malatya...

Македонија1 час

Три пиштоли, рамки, шаржер, илјада куршуми, шок бомби и дрога пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

При претрес во домот и подрумските простории во сопственост на 48-годишен скопјанец, полициски службеници на 14 октомври пронашле поголемо количество...

Македонија2 часа

„За коса ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според...

Свет4 часа

Кина: Не се откажуваме од можноста да го вратиме Тајван со сила

Кина нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила против Тајван, но тоа се однесува на надворешно...

Европа4 часа

Украинските власти наредија евакуација на Купјанск, еден од клучните градови: „Се водат тешки битки“

Украинските власти денеска наредија евакуација на Купјанск, важен град и три други локалитети во североисточниот регион Харков, бидејќи руските сили...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие...

Свет4 часа

Северна Кореја тврди дека 1,4 милиони млади луѓе се приклучиле на армијата

Севернокорејските државни медиуми објавија дека оваа недела, околу 1,4 милиони млади луѓе, вклучително студенти и претставници на младинската лига, се...

Македонија16 часа

Регистриран земјотрес во Македонија

Попладнево е регистриран земјотрес во Македонија со јачина 2,4 степени според Рихтер. Епицентарот е на 13 км североисточно од Демир...

Македонија19 часа

Јакимовски до Јаневска: Се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски уште еднаш побара од министерката за образование Весна Јаневска да ги подмири трошоците за греење...

Македонија20 часа

13 игротеки затворени, кај некои имало хигиенски недостатоци, на 32 им се изречени глоби по контролите на Агенцијата за храна

Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјата. Со контролите опфатени...

Македонија20 часа

Рама: Северна Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори

Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати јавна поддршка за Северна Македонија и критики до Европската Унија што нашата земја се’...

Топ21 час

Приведени четворица за пукањето во Чаир, двајца од нив се затвореници од „Идризово“, кои излегле поради работа

Полицијата соопшти дека го расчисти случајот со пукањето на улицата Христијан Тодоровски- Карпош, во близина на Општина Чаир, каде што...

Македонија22 часа

Германската министерка на средбата со Муцунски: Потребна ни е обединета ЕУ, која нема да биде блокирана од одделни земји членки

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни...

Македонија23 часа

Јаневска за училиштата без греење во Карпош: Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги згрее, блок- дотациите се исплатени

Парите за греење во основните училишта се исплатени на сите општини, рече денес министерката за образование Весна Јаневска иако вчера...

Македонија23 часа

Скопје е меѓу европските градови со најнезадоволни жители од јавниот превоз

Скопјани се меѓу најнезадоволните жители на европските градови кога станува збор за јавниот превоз. Седум од 10 жители во Европа,...

Регион1 ден

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската Унија

Албанија ќе биде првата земја кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопшти...

Македонија1 ден

Запленети златен накит, лекови, облека, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен...

Македонија1 ден

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ...

Свет1 ден

Австралија ги повика граѓаните да го напуштат Израел додека се уште има летови

Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците таму да ја напуштат земјата додека...

Свет1 ден

Белата куќа: Со години ги следиме иранските закани кон поранешниот претседател Трамп

Белата Куќа во понеделникот објави дека САД со години внимателно ги следат иранските закани кон поранешниот претседател Доналд Трамп и...