Контакт

Daily news

Интервју, Елмир Јукиќ: Сите сме по малку луди, збунети и нормални

Објавено пред

(фото: Елмир Јукиќ зборува по проекцијата на „Жаба“  на фестивалот „Браќа Манаки“)

dobivaj vesti na viber

Човекот познат по потпишување на серијалот со огромна гледаност на балканските простори „Луд, збунет, нормален“, каде што духовито и луцидно ги прикажува автентичните слабости на босанската реалност, во филмот „Жаба“ прави поинакво соголување на посттрауматско Сараево. Овој камерен филм Елмир Јукиќ успешно го пресликува од истоимената театарска претстава. Главен сојузник на неговата режисерска реализација е главниот актер Емир Хаџихавизбеговиќ, кој за оваа улога заслужува Оскар, дури без никаков вординг. Што се однесува до камерата, за нејзината сложена задача и фантастичен краен резултат, македонскиот директор на фотографија Дејан Димевски на штотуку завршениот фестивал „Браќа Манаки“ беше награден  со Бронзената камера 300.

Станува збор за уште една регионална копродукција меѓу Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Продуцентот Адемир Кеновиќ влегол во проектот бидејќи смета дека поствоените трауми се тема што и натаму нè засега сите. Од македонска страна продуцент е Скопје филм студио, односно Томи Салковски, кој, иако презаситен од воените теми, овој пат влегол во проектот бидејќи овој филм на сосема поинаков начин досега ја допира оваа тема и оди и подалеку од неа.

Јукиќ со голема студиозност ја работел и „Луд, збунет, нормален“ иако, како што вели, во серијата многу сериозните теми се пренесуваат со хумор, додека во „Жаба“ лудилото, збунетоста и нормалноста испливуваат во лична трагедија на главниот лик. Сака да работи со посветени актери како што е Мустафа Надаревиќ, а за брилијантната улога на Емир Хаџихавизбеговиќ, вели нема што да се коментира кога истата овој актер ја играл во театар 12 години.

„Жаба“ иако повторно се фаќа за темата со поствоените трауми, веќе многу експлоатирана во регионалната кинематографија, на сосема нов начин излегува од оваа рамка. Колку долго се адаптираше постоечката театарска претстава и на што најмногу внимававте?

„Навистина ќе беше голема штета таа фантастична актерска игра на Емир да не излезе на филм. Не сакав да интервенирам многу, а камерното решение, односно снимањето на само една локација го избрав затоа што станува збор за човечка, лична драма и акцентот е на глумата и, се разбира, ситните детали во просторот. Во претставата има отворен крај, публиката може самата да претпостави во кој правец ќе се движи и како ќе заврши главниот јунак. Но, во филмот емоциите се во преден план, а пораката мора да донесе оптимизам. Уште на самиот старт бевме согласни со Кеновиќ дека овој филм мора да наметне една универзална порака и сепак да даде некаков оптимизам.“

Независно дали со хумор или со голема сериозност, дали пренесувањето на овие пораки за изместените вредности, личните драми предизвикани од општествените околности, за гледачот се своевидна колективна терапија?

„Се радувам ако е така. Како уметник имам одговорност да го правам тоа. Секој од филмовите сработени на слична тема функционално заврши голема работа во надминување на нашите трауми. Тоа што го правиме во серијата не е помалку сериозно, но по некое време, постои опасност да се влезе во извесен шаблон и публиката да се презасити. Во „Жаба“ дадов сè од себе, колку и да боли, пораката да има катарзично влијание, да биде ‘испукана’ во еден здив.“

Сараево беше ризница на уметнички таленти. Дали и денеска меѓу своите студенти препознавате голем креативен потенцијал и како овие нови генерации гледаат на тоа што се случуваше пред нивното раѓање?

„Па, тие растат во сосема ново време и на нештата гледаат како на која било историја. Тие се навикнати на оваа нова демократска политичка клима и ја поимаат на сосема друг начин од мојата генерација. Разбирливо е да градат нов дух на градот кој се разликува од тоа што Сараево беше некогаш. Се обидувам да им пренесам знаење и занает, а не секој од нив носи голем талент, но секако ги има.“

Колку е лесно или тешко да се формираат солидни буџети за реализација на филмови кои не се комерцијални и дали копродукциите се единствената можност?

„Се разбира дека секој режисер сака најмногу да работи сценарија по желба и да прави филмови за кои нема да размислува колкава ќе биде неговата гледаност. Но, за жал, тоа не е секогаш можно. И мојата условно комерцијална работа на серии и слични тв проекти не ми секогаш вистинска сатисфакција иако сметам дека тие се многу важна продукција. Копродукциите се одлична шанса да правиме успешни филмови и се радувам што во ‘Жаба’ влезе и Македонија. Завршивме навистина добра работа.“

Ана Василевска

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија4 часа

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија6 часа

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет7 часа

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет7 часа

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија9 часа

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија9 часа

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија10 часа

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет10 часа

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...

Свет10 часа

Клучното прашање е каде Иран скрил 400 килограми збогатен ураниум, вели експерт

По израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, поранешниот заменик-генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Оли Хејнонен,...

Свет11 часа

Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

Континуираните ирански ракетни напади врз Израел покажуваат дека силите на Техеран можат да се прегрупираат дури и откако Израел уби...

Свет11 часа

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа набргу“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја...

Свет11 часа

(Фото) Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански...

Свет11 часа

Иранските медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али...

Свет12 часа

Израел: Го нападнавме седиштето на елитната единица на Иранската гарда во Техеран

Израелската војска објави дека нејзините борбени авиони извршиле напад врз седиштето на Кудс силите во Техеран, тврдејќи дека таму се...

Свет12 часа

Иран: Не сакаме да преговараме за прекин на огнот додека сме под израелски напади

Иран им соопшти на посредниците Катар и Оман дека не е отворен за преговори за прекин на огнот додека е...

Свет12 часа

(Видео) Четворица мртви, десетици повредени во ракетните напади врз Израел во текот на ноќта

Четири лица – две жени и двајца мажи – беа убиени во најновите ракетни напади врз централен Израел, потврдија службите...

Свет12 часа

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин да биде посредник во мирот меѓу Иран и Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран како што...

Свет13 часа

(Видео) Иранците масовно бегаат од Техеран: „Ова не е моја војна“

По израелските напади врз Техеран вчера, многу жители се обидуваат да избегаат од градот и да побараат засолниште во пооддалечени...

Свет23 часа

Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да...