Контакт

Daily news

Девојката на напаѓачот од Лас Вегас не знаела за неговите намери

Објавено пред

Девојката на напаѓачот од Лас Вегас, кој во неделата уби 58 луѓе, изјави дека нема идеја што планирала нејзиниот „љубезен, грижлив и тивок” партнер, пренесе „Би-би-си“.

dobivaj vesti na viber

Коментарите на Марилу Дани беа неколку часа пред објавата на полицијата дека Стефан Паддок живеел „таен живот”.

Тие рекоа дека Педок можеби планирал да избега наместо да се убие.

Сè уште не е познато зошто тој отвори оган на концертот на отворено извршувајќи го најужасното масовно убивање во современата историја на САД.

Полицијата открила повеќе експлозиви во автомобилот на Падок во хотелот, заедно со околу 1.600 парчиња муниција. Тој се коцкал само неколку часа пред да почне да пука од апартманот, што го резервирал во центарот на Лас Вегас една недела претходно, за време на друг фестивал на отворено, додава „Би-би-си“.

Сепак, мотивите на Падок и дали имал соучесници остануваат мистерија. ФБИ соопшти дека досега не е пронајдена поврзаност со тероризам, но, како што велат од таму, ќе продолжат да ги „гледаат сите можности” без „затворање на вратите” бидејќи тоа е „тековна истрага”.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија2 часа

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија2 часа

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија3 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија4 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија4 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија5 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија5 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија5 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија5 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија5 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија5 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија6 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија8 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија8 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија11 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...