Контакт

Daily news

Заев: И ќе најдеме решение за името и ќе останеме горди

Објавено пред

Само заедничка Македонија има иднина. Европа своите темели ги полага врз различностите, тоа е нашето богатство, ветер во грб, нашата предност, а не наша слабост. Мултиетничко Тетово ќе продолжи да ја испраќа пораката за мултиетничка Македонија, да ги дозаокружиме промените во Македонија, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Тетово.

dobivaj vesti na viber

– Среќен сум што во мултиетничко Тетово Македонија е во мало и заедно сме примерот што ќе блеска во Македонија. Никој не губи ништо ако некој друг добие некое право. Ќе дојде време кога сите ќе се гордееме со нашата единствена Република Македонија, истакна Заев.

Тој посочи оти промените мора да се завршат во Македонија и, како што кажа, „заедно сплотени и единствени Македонија ќе оди напред и ништо нема да може да застане пред нас“.

Заев се заблагодари на тетовци за поддршката, како што кажа, во борбата против режимот.

– Стоевме рамо до рамо во една верба за подобра Македонија, во која ќе владее слободата, демократијата, соборивме режим со пенкало и со глас, одржавме лекција дома и на целиот свет. Додека некој се обидуваше да нè спречи, да гради меѓуетнички раздор испраќајќи погани пораки, не земајќи притоа предвид што може да предизвика, сите заедно опстоивме, рече Заев додавајќи дека Тетово е пример за соживотот во Македонија.

– Македонија е измачена од меѓуетнички, меѓурелигиски и какви било поделби. Едната страна од прачката секој ја крши, заедно сплотени никој не може да нè скрши. Целиот свет ита напред кон модерни технологии, кон нови работни места, кон нови инвестиции, ние долго време бевме заглавени, рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека е отворен нов фронт на посветена работа, нови работни места, повисоки плати, инфраструктура, перспективи.

– Нашите претходници 11 години раскажуваа приказни за деца држејќи го народот во грч со лоши тези, со валкани политики, со пренатрупани кампањи за перење мозок, го држеа народот во заложништво. Но, ние покажавме дека може без тоа бидејќи овие избори поминуваат без закани и без притисоци, рече Заев.

Тој се осврна и на подобрувањето на односите со соседите во изминатите четири месеци. – Единаесет години не знаевме дали вината е дома или кај петте соседи околу нас. Не можете да бидете скарани со сите соседи. За четири месеци ги унапредиме односите и отворивме сериозни перспективи кон сите соседи. Бугарија е прв сојузник, од 1 јануари претседава со ЕУ. Со Србија, покрај сите незгодни моменти, отворивме одлична соработка и ја потврдивме по пат на дијалог. Со Косово и со Албанија ги унапредуваме односите. Со Грција градиме пријателство и покрај проблемот со името и ве уверувам дека со нашата македонштина што ја носиме ќе имаме решение со кое ќе останеме и горди граѓани на Македонија, рече Заев.

 

Заев истакна дека за четири месеци додека се на власт покажале резултати и во Тетово, најавувајќи при тоа оти наскоро ќе биде изградена и капелата кај православните гробишта.

– Водоводот го завршивме, ќе бидат одобрени средства откако ќе биде завршен нацрт-планот за градба на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ за 12 паралелки на македонски наставен јазик да се вратат во зградата во интегрирано образование за сите деца. Определени се средства и за новото училиште во Мала Речица, кое ќе се гради следната година,  а со помош на Владата се најдоа средства за чистење на депонијата кај житните силоси на влезот на градот, истакна Заев.

Тој ја даде поддршката за актуелната и кандидатката за градоначалник од ДУИ, Теута Арифи.

За Тетово најави нови спортски терени, доопремување на старите преку јавни – приватни партнерства, децата од основото училиште ќе имаат наставник по физичко. – Ќе создадеме услови со цел младите повеќе да не ја напуштаат Македонија, порача Заев.

Носителот на листата на СДСМ за општина Тетово, Живе Алексовски, посочи дека има и желба и визија да го подобри животот на сите граѓани во општината со што Тетово ќе стане град со кој сите ќе се гордеат.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ и да ја видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија2 часа

Елена Петрова ја презеде функцијата Директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Свет3 часа

Победа на екстремната десница, голем пораз за Макрон, левицата итно подготвува нов план

Екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен победи во првиот круг од француските парламентарни избори, покажаа излезните анкети,...

Македонија3 часа

Метежот на „Табановце“ е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион3 часа

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт3 часа

Известувачите од Вимблдон за Макфакс прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените се е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија5 часа

Метеж на „Табановце” и „Богородица”, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија14 часа

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија14 часа

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија15 часа

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија18 часа

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија20 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија21 час

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија22 часа

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија23 часа

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...

Македонија24 часа

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно...

Македонија1 ден

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали...

Македонија1 ден

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија2 дена

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија2 дена

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...