Daily news
Заев: „Југохром“ ќе проработи со филтрите
Премиерот Зоран Заев денес пред новинарите ја објасни одлуката да му се дозволи на „Југохром“ од Јегуновце да продолжи со работа иако причината поради која беше затворен, немањето филтри, сè уште не е исполнета.
„Поминаа месеци, можеби и година со овој горлив проблем, така што драго ми е што го решивме. Меморандумот значи обврска на сите засегнати страни, при што сопственикот и капитал-факторот директно испорачаа гаранција преку менични гаранции и сето она што претставува финална гаранција за набавка и вградување на филтрите на „Југохром“. Работниците прифатија, веднаш со завршувањето на филтрите сите да се вратат на работа. Еколошките и граѓанските здруженија се задоволни затоа што нема да почне да работи „Југохром“ пред да се вградат филтрите, а државата презеде обврска да ја даде А-еколошки интегрираната дозвола за „Југохром“. Со тоа постигнуваме вин-вин ситуација за сите. Конечно, граѓаните нема да имаат загадување ни од „Југохром“ ни од Тетово, работниците знаат дека напролет ќе се вратат на работа, а газдата веќе има сигурна гаранција дека ќе ја добие еколошката дозвола. Завршено е обезбедувањето на парите за да може „Југохром“ да се стави во полн капацитет, се надевам во март или април, мај идната пролет, во сите фази.
На прашањето нели е ова предизборен маркетинг за локалните избори за да се вети дека сепак ќе се рестартира „Југохром“, Заев одговори:
„Апсолутно, не. Владата не е застаната во својот дел на работите и сето она што претставува обврска на државата во континуитет го решаваме, а дали е предизборен маркетинг или не треба да кажат граѓаните. Ние сакаме тоа што го сработуваме, тоа за што вложуваме енергија, ресурси и капацитети, да го соопштиме. Како што знаеме да признаеме одредени грешки, ако се наша слабост на работењето, транспарентноста во работењето е императив на оваа Влада. Посебно сум среќен затоа што овој случај претставува решение на проблеми на неколку засегнати страни.
Државата имаше проблем заради тоа што граѓаните, еколошките здруженија, вработените, па и сопствениците имаа проблем, сите од нив како фактори имаа проблем. Јас сум многу радосен затоа што ова е решено и ние го објавуваме онака како што е постигнат договор. Таму се граѓанските здруженија кои се комплетно насочени критички кон која било власт. Работниците сакаат, ако можат, уште денеска да влезат на работа, но чесно кажуваат март, април или мај. Пред да се стават филтрите не може да влезат заради тоа што една страна нема да биде задоволена, а тоа се еколошките здруженија, односно граѓаните, така што ова е повеќепартитен договор на задоволство на сите страни“, објасни Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.