Контакт

Daily news

Македонски ден во Франкфурт: Малите јазици имаат големи предизвици

Објавено пред

На саемот на книга во Франкфурт денеска се одржа дебата на тема „Преку границите: предизвиците за меѓународна промоција на литературата на „малите јазици“, во организација на Македонската асоцијација на издавачи. За напорите на издавачките компании и авторите во освојување на меѓународната книжевна сцена говореа еден од најпреведуваните македонски автори и добитник на повеќе награди меѓу кои и Европската награда за литература во 2013, Лидија Димкова, Стефано Бисачи, италијански агент и сопственик на агенцијата Tempi Irregolari, Гванца Јобова, потпретседател на Здружението на издавачи од Грузија, Катја Стергар од ЈАК Словенија како и Дарко Фиданоски, од МАИ.

dobivaj vesti na viber

Според учесниците клучно за успешна промоција е национална стратегија донесена на политичко ниво, во која ќе бидат вклучени сите – издавачите, авторите, агентите и  преведувачите.

Гванца Јобова од Грузија, чија земја идната година ќе биде почесен гостин на Франкфуртскиот саем, рече:

„Ние сме мала земја, но знаејќи ги можностите на овој саем докажавме дека можеме да зборуваме гласно за нашите потенцијали кои светот не ги познава. Ова е одлична промоција не само на нашата култура, туку и на туризмот, на економијата“.

„Сите инволвирани мораат да сфатат дека работите не се случуваат сами по себе и дека сите инволвирани мора многу да работат на промоција на сопствената литература“, вели Катја Стергар од Словенечката агенција за книга (ЈАК) и додава дека авторите, агентите и издавачите на ваквите саеми мораат да дојдат добро подготвени, со книги преведени на странски јазик, за да може успешно да се претстават.

Преводот на делата е еден од најважните елементи за презентација на литературата од малите јазици, се согласија сите учесници на дебатата. Стефано Биачи, агент кој ги застапува и македонските автори вели дека е многу тешко да се пробијат на странските пазари, потребна е многу работа и упорност, но голема улога игра и добриот превод. За македонска писателка Лидија Димковска, „добрите преведувачи се вторите автори на делата“, но додава дека и „наградите, агентите и личните контакти ги отвораат патиштата на домашните автори на меѓународната сцена.“

Дарко Фиданоски од Македонската асоцијација на издавачи потенцираше дека присуство на ваквите саеми придонесува и за промоција на издавачите, но и на македонската литература.

„Нашата цел во крајна линија е да продадеме што повеќе книги и права за книги, колку сме поуспешни толку подобро ја презентираме Македонија и нашата култура. Годинава остваривме повеќе контакти од лани со странски партнери и потпишавме договори, што говори за раст на интересот за нашата литература, и дека МАИ работи во вистинска насока.“

Целта на овој настан беше да се споделат искуствата околу предизвиците за успешна меѓународна промоција на дела и автори од помали земји кои не се толку познати на светската сцена.

Франкфуртскиот саем на книгата се смета за најголем и најпосетен во светот. Тој е вистинското место за средба на експертите од оваа бранша, најголем пазар за книги, преговори за права и лиценци каде се разменуваат искуства, се склучуваат договори,  место каде секоја година без разлика дали се работи за издавачи, автори, книжари, агенти  сите тие се заедно во Франкфурт во октомври и ги креираат новите трендови.

Инаку, саемот на книгата во Франкфурт е најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија со 7.300 излагачи од повеќе од 100 земји, околу 275.000 посетители, има повеќе од 4.000 настани и околу 10.000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2.000 блогери.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија38 минути

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...

Македонија2 часа

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион3 часа

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет4 часа

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија5 часа

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Од утре, 1 Мај, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и...

Македонија5 часа

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Економија23 часа

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...

Македонија24 часа

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција е само ВЛЕН за новата влада

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција,...

Економија1 ден

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Министерот Бујар Османи, во својство на...

Европа1 ден

(Видео) Голем проевропски протест во Грузија

Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика...

Свет1 ден

Најмалку 13 лица загинаа во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина...

Свет1 ден

(Видео) Десетици торнада ја опустошија Оклахома, четворица загинати, прогласена е вонредна катастрофа

Најмалку четири лица, вклучително и едно дете, загинаа, а голем број беа повредени во Оклахома овој викенд, откако десетици торнада...

Свет1 ден

(Видео) Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Во голема експлозија во воена база во југозападна Камбоџа загинаа 20 војници, а неколку беа ранети. Како што пишува „Скај...

Свет1 ден

Бела куќа: Бајден разговараше со Нетанјаху, ја повтори својата позиција за инвазијата во Рафах

„Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повтори својот јасен став за можната инвазија на...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува поддршка за Силјановска Давкова од Димитриевски и ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во втор круг

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во...

Македонија2 дена

(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај...

Свет2 дена

(Фото+видео) Серија торнада беснеат низ Америка: ветерот дигна вагони од пруга, уништени стотици домови

Стотици домови беа сериозно оштетени или целосно уништени бидејќи повеќе торнада погодија делови од Централна Америка. Надлежните најавија дека и...

Македонија2 дена

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени,...