Контакт

Daily news

„Мост“ регистрира повеќе неправилности и проблеми на гласачките места

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Делење гласачки ливчиња, семејно гласање, расправии меѓу припадници на политички партии, фотографирање ливче, непочитување на гласачката процедура и проблеми при одвивање на гласањето, се само некои од нерегуларностите што ги забележа граѓанската асоцијација „Мост“ на денешното гласање.

Од „Мост“ велат дека досега ги забележале следните неправилности на гласачките места – на гласачкото место 0001 во општина Берово откинати биле 5 гласачки ливчиња заедно со серискиот број, по што бил направен записник за тоа и гласањето продолжило.

Во општина Аеродром на едно гласачко место на речиси 60 гласачи им биле дадени гласачки ливчиња заедно со серискиот број. По реакција на гласач, ИО започнал да ги откинува ливчињата без серискиот број. Дополнително, претседателот на ИО не соработувал со набљудувачот на „Мост“.

Во село Мојанци, општина Кочани, биле забележани 3 случаи на семејно гласање, во кои биле злоупотребени 6 гласа и избирачкиот одбор не реагирал.

На гласачкото место 2273, општина Штип, 7 гласачи не биле проверени со УВ-ламба. Дополнително, биле читани на глас имињата на гласачите.

На гласачкото место 1375, општина Прилеп, „Мост“ регистрирала дека гласач не можел да гласа зашто во избирачкиот список веќе имало потпис на неговото место. Откако гласачот си заминал, ИО увидел дека друг гласач со слично име по грешка се потпишал на неговото место. ИО не направил записник за ова.

На гласачкото место 2653, во Бардовци, општина Карпош, 4 гласачи не биле проверени со УВ-ламба.

Во општина Аеродром на гласачкото место 2715 еден гласач бил испрскан со невидливиот спреј пред да биде проверен во избирачкиот список. Гласачот на бил во избирачкиот список зашто не гласал на тоа гласачко место, па ИО не му дозволил да гласа. Гласачот потоа отишол на гласачкото место каде што треба да гласа, но тамошниот ИО не му дозволил да гласа.

На гласачкото место 2699, во општина Аеродром, до гласачките кутии пронајдено е заокружено ливче кое не било ни превиткано. Откако ИО го забележал, го прогласил за неважечко и го ставиле кај неискористените ливчиња бидејќи немале посебни пликови за да го спакуваат.

Во општина Чаир на еден гласач му било издадено едно ливче повеќе бидејќи било залепено со претходното. ИО побарал инструкција од ДИК по што ливчето било ставено во посебен плик.

На гласачкото место 2645, општина Карпош, на гласач му биле издадени 2 ливчиња за избор на градоначалник на град Скопје по што реагирал кај ИО, кој по проверка на кочанот со гласачки ливчиња забележал дека им недостигаат две ливчиња за градоначалник на општина и две ливчиња за градоначалник на град Скопје. Гласањето е прекинато, повикани се претседателот на ОИК Карпош и полицијата и направен е записник, регистрирале од „Мост“.

Организацијата регистрирала и повеќе проблеми со изборниот материјал.

На гласачкото место 1718, општина Струмица, во кочанот со гласачки ливчиња за градоначалник имало ливчиња за избор на градоначалник и совет на општина Велес. Гласањето било прекинато 15 минути.

На местото 2581/1 во општина Ѓорче Петров гласањето било прекинато 1 час и 45 минути поради тоа што во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник имало и ливчиња за избор на совет. ИО известил дека ќе го продолжат гласањето за толку време колку што траел прекинот.

На местото 0962, село Жидилово, општина Крива Паланка, гласањето било прекинато во период од 15 минути поради тоа што УВ-ламбите не работеле.

На гласачките места во ОУ „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром имало проблеми во функционирањето на УВ-ламбите.

Од „Мост“ велат дека што се однесува до шаблонот со Брајова азбука, во општина Тетово и во општина Боговиње избирачките места не добиле ваков шаблон.

 

Регистрирани биле и проблеми предизвикани од неовластени лица. На гласачкото место 828 и 828/1, село Грешница, општина Кичево, партиски активист со уште 2-3 неовластени лица агитирал во објектот пред просториите во кои се сместени гласачките места.

На гласачкото место 1455, општина Прилеп, имало вербална расправија меѓу активисти на политички партии, а реагирала и полицијата и ја смирила ситуацијата.

На гласачкото место 1471, с. Дебреште, општина Долнени, имало присуство на неовластени лица пред гласачкото место. Полицијата реагирала и ги отстранила.

Пред ОУ„ Петар Здравковски – Пенко“ имало конфликт помеѓу неовластени лица. Полицијата навреме реагирала и ги отстранила од местото.

Во околината на ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари се делеле прехранбени продукти од разни политички партии. Дополнително, бил лепен пропаганден материјал.

На гласачкото место 1720/1, општина Струмица, гласач го фотографирал гласачкото ливче, била повикана полиција, а ливчето не било ставено во кутијата.

На гласачкото место 2829, општина Чаир, гласач ги фотографирал ливчињата. ИО му ги одзел ливчињата и ги прогласил за неважечки.

На гласачкото место 2728, општина Аеродром, гласач заборавил едно гласачко ливче зад параванот, а во кутијата ставил 3 ливчиња. ИО забележал дека зад параванот има останато едно ливче, ја повикал ОИК, направиле записник, а ливчето го прогласиле за неважечко и го ставиле во посебен плик. Поради ова, гласањето било прекинато 15 минути.

На гласачкото место 2686, општина Аеродром, еден гласач ги ставил двете ливчиња за избор на градоначалник и совет заедно во една гласачка кутија. ИО ги повикал ОИК и полицијата и направиле записник. Гласањето било прекинато 30-ина минути, по што продолжило.

На гласачкото место 0307, општина Виница, најмалку 10 лица, откако гласале, пред гласачките кутии ги отвориле гласачките ливчиња за да видат во која гласачка кутија да ги стават и јасно можело да се види за кого гласале“, соопштија од организацијата „Мост“.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Мицкоски: Земјоделците се херои на денешницата, Владата останува посветена на нивната поддршка

На манифестацијата „Од нива до трпеза“, која денеска се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака за поддршка...

Топ2 часа

Го следеле од менувачница, го нападнале и му ги зеле парите

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело – Разбојништво по член 237 став...

Македонија4 часа

СДСМ тврди дека Јанев и Тошковски знаеле сè, а се сомневаат и во уништување на докази

Приведените полициски службеници за трагедијата во Кочани се истите за кои СДСМ со месеци наназад алармираше, објавуваше факти и аргументи...

Свет6 часа

Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, во рамки на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија....

Македонија6 часа

Денеска топол ден низ цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер,...

Македонија16 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука...

Свет16 часа

(Видео) Се шират снимки од иранскиот напад врз Израел

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад врз Тел Авив. Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел,...

Свет17 часа

Иран: Одмаздата против Израел почна

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА. Иран истрела стотици различни балистички ракети...

Македонија22 часа

(Видео) Во Гази Баба се гради огромна дива депонија без никакви дозволи, објави Арсовска

Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со...

Македонија24 часа

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани бидејќи немало доволно докази, а...

Македонија1 ден

Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција

Истрагата за пожарот во Кочани вчера беше проширена на уште 13 полицајци од СВР Штип. Според информациите на МВР, тие...

Македонија1 ден

Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Тој извести...

Македонија1 ден

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Владата донесе одлука за блокирање 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во...

Економија1 ден

Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да...

Свет1 ден

Како ќе одговори Иран на Израел: пет можни сценарија

Израел го нападна Иран преку ноќ. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и...

Македонија1 ден

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

На Клиниката за ортопедски болести успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената...

Регион1 ден

ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово,...

Македонија1 ден

Оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера...

Македонија1 ден

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања во Израел и во Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет1 ден

Анализа: Иран ќе го нападне Израел со сè што има

Ова е моментот од кој многумина на Блискиот Исток се плашеа со години, но исто така и го чекаа. Како...