Daily news
Самит 100: Стабилност и економска поврзаност за развој на Западен Балкан
Преку економско и транспортно поврзување, но и со политичко и безбедносно интегрирање и стабилност, регионот на Западен Балкан ќе се развие и ќе ја унапреди соработката. Неопходни се големи инфраструктурни проекти со кои ќе се обезбеди побрз проток на луѓе и стоки, како и прилагодување кон предизвиците од дигитализацијата од страна на компаниите.
Тоа се дел од пораките упатени на отворањето на 6. Регионален бизнис Самит 100 на лидери од ЈИЕ, кој се одржува во Скопје.
Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, посочи дека од клучно значење за регионот е неговата интеграција во Европската Унија.
– Пред една и пол година ќе бев многу претпазлива, но денеска сметам дека дуваат позитивни ветришта во едрата на ЕУ. Се надевам дека тоа ќе ви даде сила да продолжите со реформите и да ги искористите ветровите со чиста енергија, а не со ѕидишта, рече Булц.
Таа порача дека ЕУ е надвор од кризата и сите земји имаат позитивен бруто домашен производ, а во последните девет години невработеноста оди во надолна линија.
– Се надевам дека тоа ќе го искористите во ваша полза, рече Булц и додаде дека можноста за идно членство на Западен Балкан во ЕУ е многу поголема сега отколку пред 10 години.
Нагласи дека неодамна потпишаниот договор за транспортна заедница и за трговија и соработка е резултат на стабилноста и предвидливоста на регионот. Препорача регионот да учи на грешките на ЕУ и додаде дека дигитализацијата е двигател на промените.
– Од дигитализацијата Западен Балкан може да има голема корист во областа на транспортот и за 60 отсто да ја намали администрацијата, посочи Булц и препорача сите земји од Западен Балкан веднаш да воведат е-патарини.
Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, порача Самитот да биде силен глас што ќе го привлече и задржи вниманието на политичарите во регионот за приоритетите за негов развој, каде предничи поврзаноста.
Според Иванов, неопходна е политичка и безбедносна поврзаност со членство во ЕУ и НАТО за да се надминат предизвиците со кои се соочуваат економиите и бизнисите во регионот, како што се малите пазари и големиот одлив на стручен кадар…
-Неопходно е Европската Унија час поскоро да ги почне преговорите за членство со Македонија, посочи Иванов.
Неопходна е економска и транспортна поврзаност затоа што, како што укажа, високите транспортни трошоци ги прават нашите производи неконкурентни. Побара ЕУ да ја стави Македонија на мапата на големите инфраструктурни проекти.
– За да бидете поуспешни, поврзувајте се, дигитализирајте се и трансформирајте се. За да бидете во чекор со времето, приспособувајте се на потребите на новите генерации и дигиталната ера бидејќи од вашиот успех во голема мера ќе зависи успехот на нашиот регион, рече Иванов.
Претседателот на Управниот одбор на Самит 100 и генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, потенцираше дека транспортот и поврзаноста се едни од виталните елементи за регионалната соработка. Забележувајќи дека за да се стаса од Скопје до Сараево по копнен пат се потребни 12 часа, Мукаетов рече дека сон на Самит 100, кој се надева дека во најскоро време ќе премине во реалност, е побрз проток на луѓе и добра во регионот.
Потенцира дека за полесен пристап до нови пазари на компаниите им е потребно здружување и посочи дека само преку интензивирање на регионалната соработка и градење синергија меѓу фирмите ќе се подигне конкурентноста на економиите, а на фирмите ќе им се обезбеди пристап до нови пазари, додека за странските инвеститори како еден унифициран пазар би биле многу попримамливи.
Како што најави Мукаетов, регионалната соработка на Самит 100 ќе биде официјализирана со потпишување меморандум за меѓусебно разбирање и соработка на самитската платформа со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.
Меморандумот ќе се однесува на поттикнување на деловната соработка, унапредување на конкурентноста, на регионалната и на националните економии.
На Самитот учествуваат над 150 бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, БиХ, Албанија, Србија и Косово.
Во тек на Самитот е најавено почнување на реализација на регионалниот проектот „Едисон“ за електрификација на автопатиштата во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.