Daily news
Коалиции во албанскиот блок за вториот круг: „Алијансата“ – Беса, ДУИ – СДСМ
Од партијата Беса информираат дека официјално сè уште нема договор за заемна поддршка со „Алијансата за Албанците“, но ја потврдија веста дека кандидатите за градоначалници веќе се договараат на локално ниво.
Првиот што јавно повика на поддршка за својот противник e Асаф Адеми од Движењето Беса, кој објави дека ќе го поддржи Арбен Таравари во Гостивар во вториот круг на локалните избори. На својот фејсбук-профил тој напиша дека резултатот е далеку од очекувањата, но тој е среќен да го преживее опозицискиот дух.
„Многу лекции научив од оваа трка и како што реков за време на кампањата, ги повикувам симпатизерите да гласаат за Арбен Тарвари и за „Алијансата за Албанците“ во вториот круг“, напиша Адеми. Адеми и претходно уште пред изборите најави дека доколку не помине во првиот круг, отворено ќе го поддржи кандидатот на „Алијансата за Албанците“.
И кандидатот на Беса за општина Дебар, Џемаил Чупи, ја објави својата поддршка во вториот круг за кандидатот од редовите на „Алијансата за Албанците“, Арбен Аголи.
Од друга страна, лидерот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, кој е фаворит за општина Струга, преку видео објавено на својата фејсбук-страница ги повика гласачите за поддршка за кандидатите на Движењето Беса, кои се натпреваруваат против кандидатите на ДУИ во вториот круг.
Ако Беса и „Алијансата“ се здружат, Беса може да се надева на градоначалничко место во Тетово. Билал Касами со гласовите на „Алијансата“ на крајот може и да ја преземе градоначалничката функција во Тетово од Теута Арифи од ДУИ.
Во вториот круг ДУИ и СДСМ најавија меѓусебна помош. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно ги повика членовите да дадат поддршка на СДСМ во општините каде што ДУИ нема доволно шанси. СДСМ рече дека ќе возврати.
Сепак, сè уште не е извесна поддршката за Рамиз Мерко во Струга од страна на СДСМ, кој со овие гласови би имал шанса да го победи Села.
СДСМ, сепак, ќе даде поддршка на ДУИ во Тетово и Гостивар без оглед дали кадрите на ДУИ таму имаат реална можност за победа.
Г.Д.М
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.