Контакт

Daily news

УКИМ започна постапка за утврдување текст за нов закон за високо образование

Објавено пред

Универзитетот на транспарентен начин почна постапка со произнесување на сите членови на академската заедница преку внатрешните институти, катедри и наставно-научните совети на своите единици да утврди текст што ќе биде доставен до Министерството за образование и наука како надлежно за изготвување финален текст на закон што ќе биде ставен во понатамошна процедура пред надлежните органи во Република Македонија – Владата и Собранието.

dobivaj vesti na viber

Ова го соопшти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје одговарајќи на, како што наведува, зачестените реакции во јавноста поврзани со изготвувањето нов текст на закон за високото образование, во кои се алудира на негово непринципиелно однесување.

„Универзитетот како одговорна, а пред сè како државотворна институција, општествено е повикан да даде свој придонес со решенија што нудат современ пристап во високообразовната дејност и се општоприфатени во европскиот високообразовен простор. За волја на вистината, треба да се истакне дека по случувањата што ја разбрануваа академската заедница во врска со некои законски решенија предвидени со измените и дополнувањата на Законот за високото образование од пред две години, беше формирана работна група на Универзитетот, која имаше задача да подготви нов текст на Законот за високото образование, но таа работна група не понуди и не достави официјален текст на закон до органите и телата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти УКИМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија1 час

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија4 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија4 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија5 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија6 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет6 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет6 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија8 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија8 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа8 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет9 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет10 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет10 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа10 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет10 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија10 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија10 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ23 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...