Контакт

Daily news

Владата формира тело за еднакви можности на мажите и жените

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваа на конститутивната седница на Интересорската советодавно- консултативна група за еднакви можности на жените и мажите.

– Рековме и еве веќе воспоставуваме посебно тело за родова рамноправност, кое ќе се грижи за имплементација на родовите перспективи во креирањето на политиките и буџетите – рече во обраќањето до присутните премиерот Зоран Заев.

Ова тело се формира по донесена одлука на Владата со цел да се даде значење на решавањето на ова важно прашање во нашата држава. Во него ќе членуваат претставници од министерствата, државните институции, социјални партнери на МТСП, на граѓанските организации и експерти. На настанот присуствуваа и претставници од ОН жени. Сите ја поздравија посветеноста на премиерот Заев, на Министерството за труд и социјална политика и, генерално, на Владата за решавањето на ова важно прашање во нашата земја како во демократските земји во светот.

– Во државава се случуваат големи политички промени, отворивме можности за демократска  Македонија, за демократски општини, за демократски институции и за демократски развој во сите сфери на општественото живеење. Обезбедувањето еднакви можности на жените и мажите, за што се заложуваме како Влада, е само уште еден доказ дека го менуваме општеството. Но, уште поважно е дека ние видливо се менуваме, како луѓе, како граѓани, како политички претставници на граѓаните застанувајќи зад граѓанскиот концепт за еднакви можности за сите – рече премиерот Заев.

– Родовата еднаквост е наша законска обврска, таа е дел од програмата на Владата за периодот  2017 – 2020 година. Тоа е наша обврска од агендата за одржлив развој до 2030 година. Но, пред сè, клучна е свеста дека само заеднички, жени, мажи, различни по какви било основи, но сплотени во определбата за еднаквост, можеме да градиме, градиме и ќе градиме општество на еднакви граѓани – порача премиерот Заев.

Тој информира дека Владата ќе предложи ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство од 2011 година (Истанбулска конвенција) и во согласност со неа ќе воспостави мрежа на стандардизирани институции чија обврска е заштита од домашно насилство, ќе воведе програми за помагање на развојот на жените претприемачи, посебно во руралните области, ќе се заложи за вклучување на родовата перспектива во колективното договарање на сите нивоа, ќе предложи нов закон за родово базирано насилство и измени на Кривичниот законик.

– Родовата еднаквост не е само женско прашање, не е само прашање на почитување на уставното право на еднаквост, туку сериозно влијае на развојот на општеството во кое живееме. Еднаквоста на жената значи прогрес за сите. Земјите со поголема родова еднаквост имаат подобар економски раст, а приоритет во агендата на Владата е намалување на сиромаштијата и обезбедување пристоен и квалитетен живот за сите – додаде премиерот Заев.

Тој соопшти дека родовата перспектива ќе биде внесена во стратешките планови и буџети на министерствата и на локалните самоуправи и ја охрабри Интересорската советодавно-консултативна група за еднакви можности на жените и мажите да ги разгледа можностите за уредување на ова прашање во законите секаде каде што е тоа можно.

– Македонија мора да биде пример за земја на еднакви можности за сите. Заедно сите ќе успееме во оваа наша голема и важна цел – повика премиерот Заев во обраќањето до присутните на конститутивната седница.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, соопшти дека оваа Влада има системски пристап кон родовото прашање и оцени дека само така може да има ефекти во брзо време.

– Прашањето го гледаме сеопфатно вклучувајќи го тука во прв план економскиот раст и развој. Половина од жените сега се надвор од пазарот на труд. Ќе формираме сервиси за поддршка и ќе го зголемиме бројот на вработувања на жените. Веќе почнавме со примена на алатки за активирање на жените на пазарот на труд – рече министерката Царовска.

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката...

Македонија9 часа

Седум пациенти денес се враќаат од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и...

Македонија10 часа

Општина Ѓорче Петров до инвеститорот кој урна ѕид на соседна зграда: Веднаш да се прекине изградбата на објектот

Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на местото каде ѕид меѓу вториот и...

Македонија11 часа

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов,...

Македонија11 часа

(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели. Фирмата...

Македонија12 часа

Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите. Во испитувањето се осврнаа...

Македонија13 часа

„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС е препознатлив единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го...

Македонија13 часа

Се бара одговорност за илјадниците примероци од Правописот што со години скапувале во несоодветни услови

По информациите дека повеќе од 2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик (второ издание, 2017 година) седум години се чувале...

Македонија13 часа

Алијансата го исклучи од партијата директорот на Геријатрија, кој барал мито за да смести неподвижно лице

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи, кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице....

Македонија14 часа

Наместо оставки, членовите на Судскиот совет оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на...

Македонија15 часа

(Видео) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТ претендираат за трет мандат спротивно на законот

„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет...

Македонија15 часа

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија15 часа

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Македонија15 часа

Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20...

Европа16 часа

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион16 часа

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет16 часа

(Видео) Директор на „Сименс Шпанија“, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет17 часа

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет18 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...

Македонија1 ден

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...