Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги организираше најнедемократските избори во историјата на независна Македонија

Објавено пред

Целата изборна кампања помина во светло на изборен поткуп, уцена и закани врз гласачите, додека во текот на изборниот ден беше спроведен т.н. бугарски воз, со што кутиите беа полнети со гласачки ливчиња однапред заокружени за СДС, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека медиумите веќе објавиле докази за бугарски воз и како тој бил спроведен, биле објавени докази за спроведен бугарски воз во Карпош, Охрид, Велес, Струмица, Гевгелија, Берово и Делчево, а пронајдени биле и две гласачки ливчиња со ист сериски број во Ресен.

„Имајќи ги во предвид доказите со кои располагаме и фото и видео материјалите објавени во медиумите станува јасно дека власта изврши тежок изборен криминал, систематски спроведен. Дополнително загрижува фактот што медиумите секојдневно излегуваат со нови докази за изборни криминали, а изборниот криминал, во вид на поткуп на гласачи и уцени продолжува и во вториот круг. ДИК стана соучесник во сето ова, занемарувајќи и релативизирајќи очевидни факти и докази, со што се стави во функција на прикривање на изборните криминали на СДС“ предупредуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ за сите претставки упатени до ДИК, а одбиени од истата, ќе го искористи правото на жалба пред Управниот суд. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи некој да ја уништува демократијата и правната држава во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува ОБСЕ и ОДИХР да ги нотираат овие очевидни криминали, да застанат на страна на демократијата, правото на глас и слободата како врвни вредности на цивилизираниот свет, да ги осудат и санкционираат ваквите криминали.

ВМРО-ДПМНЕ дополнително ги уверува сите прекршители на законите, кои со цел да се додворат на врхушката на власт вршат изборни криминали и редица други прекршоци дека со враќањето на демократијата и правната држава ќе одговараат за криминалот и штетата нанесена врз граѓаните и државата, казната за криминалот нема да биде избегната од никого.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет3 часа

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа4 часа

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа12 часа

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...

Топ12 часа

(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа...

Соопштенија12 часа

(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко...

Соопштенија12 часа

Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна...

Европа13 часа

(Видео) Путин: Невозможно е да се користат ракети Томахавк без директно учество на американската војска, а тоа би ги ескалирало односите меѓу Русија и САД

Путин коментираше за можноста САД да испорачаат крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина. „Ова оружје нема да ја...

Македонија16 часа

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија21 час

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија21 час

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија22 часа

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...

Македонија23 часа

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника во Бутел: За два месеца, ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеца, ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија...

Македонија23 часа

(Видео) Редиците пред шалтерите треба да бидат минато, целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, најави Мицкоски

Живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не...

Македонија1 ден

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари, кој води до страницата на...

Свет1 ден

Трамп бара универзитетите да го ограничат запишувањето странски студенти ако сакаат федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што ги содржи условите за добивање преференцијален пристап...

Свет1 ден

Израелски министер: Палестинците што ќе останат во градот Газа ќе се сметаат за терористи

Израелската влада им нареди на сите преостанати Палестинци да го напуштат градот Газа. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече...

Свет1 ден

Финскиот премиер предупредува на руски закани за цела Европа

Европската Унија треба да преземе невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер,...

Свет1 ден

Г7: Ќе ги таргетираме оние што ќе продолжат да купуваат руска нафта

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, таргетирајќи ги земјите...

Македонија1 ден

(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест...