Контакт

Daily news

ИФИМЕС: Граѓаните на Македонија покажаа дека со пенкало се урива режим

Објавено пред

Локалните избори во Македонија беа тест за новата Влада, но и за граѓаните, кои повторно одлучуваа меѓу демократијата и авторитаризмот, односно за иднината на Македонија, наведува во својата најнова анализа Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

dobivaj vesti na viber

„Двата политички блока (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) во изборната кампања водеа жестока политичка борба да ги уверат граѓаните на Македонија дали ќе продолжат политичките промени започнати на 11 декември 2016 кога се одржаа предвремените парламентарни избори кои доведоа до соборување на режимот на Никола Груевски или ќе дојде до евентуално враќање на старата позиција во која апсолутен господар беше двоецот Никола Груевски – Сашо Мијалков и ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во анализата.

ИФИМЕС посочува дека граѓаните на Македонија со уверливо мнозинство на локалните избори се определиле дека сакаат слобода, подобра иднина и продолжување на промените и реформите, што претставува силен импулс и поддршка за новата Влада.

„Граѓаните на Македонија покажаа дека може без насилство и со пенкало в рака на избирачките места да се урне режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, се посочува во текстот на Меѓународниот институт.

Натаму се наведува дека граѓаните со голема доверба кон владејачката коалиција предводена од СДСМ, дефинитивно го поразија режимот на Груевски и започнаа нова епоха во која повеќе нема да има незаконско прислушување, криминал, корупција, непотизам, контролирани медиуми, енормна сиромаштија, масовно иселување од државата и страв меѓу граѓаните“.

Аналитичарите сметаат дека граѓаните во Македонија во првиот круг од локалните избори покажале голема свест, политичка зрелост и одговорност и оти по примерот на другите во регионот закоравениот и омразен режим може легално и легитимно да се урне со пенкало в рака на изборите. Тоа може да биде силен сигнал и порака до граѓаните на Србија, БиХ и другите држави во регионот дека на изборите може да се вратат украдената држава и демократијата на оние на кои им припаѓа, а тоа се граѓаните на Македонија, се истакнува во анализата.

„Процесот на ослободување на заробената и украдена македонска држава по овие локални избори повеќе никој не може да го запре“, се наведува во документот.

Натаму во текстот се посочува дека реформата во правосудството е од најголемо значење за изградба на институциите на државата и враќање на довербата на граѓаните во тие институции.

„Правната држава е истовремено и најголем заштитник на граѓанските слободи, кои во Македонија во изминатите 12 години беа сериозно ускратени и загрозени“, оценува ИФИМЕС.

Во Македонија, врз основа на експертскиот извештај на Рајнхард Прибе, кој јасно детектира што сè е потребно да се направи во реформата на правосудството низ темелен процес, ќе се поведат процеси што ќе доведат до воспоставување институции на правната држава и демонтажа на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, што остави многубројни несогледливи негативни последици во сите сегменти на македонската држава и општество, се наведува во анализата.

Правосудните институции, се додава, мора да обезбедат фер и чесни судења и така да се утврди одговорноста и да се санкционираат извршителите на незаконските активности за нивното 12-годишно владеење. Притоа, смета ИФИМЕС, од голема важност е улогата на специјалното јавно обвинителство.

„Некои од членството и одделни претставници на ВМРО-ДПМНЕ веќе се дистанцираа од Груевски и неговите соработници и сакаат да се ослободи од хипотеката на криминалот извршен во нивно име, што отвора можност да се формира нова конзервативна партија, која е неопходна на македонската политичка сцена“, оценува ИФИМЕС во анализата за локалните избори во Македонија.

Понатаму во документот се додава дека во мултиетничкото општество, какво што е македонското, важно е да се воспостават етничка хармонија и баланс на сите етнички заедници што живеат во Македонија (Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи и Бошњаци…), а тоа може да се обезбеди преку здрава политика на интеграција, која ја уважува различноста и истовремено е свесна дека обединувањето во различностите може да обезбеди просперитет на Македонија и на сите нејзини граѓани.

„Поради тоа, од посебна важност е да се воспостави силна правна држава како институционален гарант за заштита на секој нејзин граѓанин, но и нова политичка култура што ја воведува премиерот Заев. Македонија е земја на многубројни различности и поради тоа е важно соодветно да се управува со постојните различности кои што може да се искористат како предност кон обезбедување напредок на земјата и нејзините граѓани“, се наведува во анализата на ИФИМЕС.

Во текстот се додава и дека новата Влада мора да посвети повеќе внимание и средства за развој на локалните заедници, кои досега биле занемарени и се наоѓаат во големи проблеми.

Аналитичарите сметаат дека првиот и вториот круг од изборите се важен чекор на патот на Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ и потврда на стабилноста и определеноста на граѓаните на Македонија за евро-атлантските интеграции.

Се очекува земјата да добие позитивно мислење на ЕК и да започне преговори со Унијата. Македонија го заврши својот период на самоизолација и во целост се сврте кон евро-атлантските интеграции и добри односи со соседите бидејќи држава која се наоѓа на своевидна географска и политичка крстосница само така може да ја обезбеди својата перспективна иднина, се заклучува во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот...

Македонија2 часа

(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони...

Топ2 часа

Автомобил излета од патот кај Битола, возачот тешко повреден

Автомобил управуван од 68-годишен маж од Битола излета од патот Ресен-Битола. Од МВР информираа дека несреќата се случила вчера во...

Македонија3 часа

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски....

Свет4 часа

Трамп објави повеќе номинации за челните позиции во неговата идна администрација

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова серија назначувања во неговата претстојна администрација. Поранешниот финансиски менаџер на...

Свет6 часа

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави...

Свет6 часа

Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот...

Свет16 часа

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова ја прими Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции е клучот за успехот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на...

Македонија21 час

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија21 час

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија21 час

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија22 часа

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...

Македонија1 ден

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Топ1 ден

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија1 ден

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија1 ден

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...

Свет1 ден

Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна

Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Европа1 ден

Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се...