Контакт

Daily news

Пацоли: Заев ја има почитта на целиот регион

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев се сретна со министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, придружуван од владина делегација. Притоа Пацоли пренесе поздрав до премиерот Заев од косовскиот премиер Рамуш Харадинај и оцени дека премиерот Заев со огромна вештина и достоинство воспоставил општество за сите. Со тоа, како што рече косовскиот министер за надворешни работи Пацоли, премиерот Заев покажал како се почитуваат луѓето независно од различноста и направил пресврт во односите и почитувањето помеѓу граѓаните во Македонија за што ја има почитта на целиот регион и светот вклучувајќи ја и Република Косово.

dobivaj vesti na viber

– Владата на Република Македонија е определена да гради добри односи со Република Косово, како и со сите соседи и со тоа активно да придонесе кон иднината на целиот регион на Западен Балкан, во Европската Унија и во НАТО. Имаме потенцијал како две нови влади што им мислат добро на своите граѓани и своите држави да направиме исчекори во евроинтеграциските процеси – оцени премиерот Заев.

На средбата заеднички е констатирано дека Македонија и Косово немаат отворени билатерални прашања, што отвора големи можности за унапредување на односите помеѓу двете држави. Се разговараше за конкретни области во кои ќе се интензивира соработката помеѓу Македонија и Косово, како економијата, енергетиката, инфраструктурата, царинските олеснувања, поедноставен проток на луѓе и стока. Договорено е владите на Македонија и на Косово да ги поттикнат бизнис-заедниците и коморите за поцврста и поактивна соработка, како и реализација на почести средби на високо владино ниво.


– Посветени сме како Влада да го подобриме квалитетот на живот на нашите граѓани и да ги отвориме евро-атлантските перспективи. Ќе ги преземеме сите потребни чекори за остварување на граѓанските и државните цели – додаде премиерот Заев.

Министерот Пацоли рече дека Косово ја поддржува НАТО-интеграцијата на Македонија, што ќе придонесе кон зацврстување на безбедноста и ќе влијае на перспективите за целиот регион, а изрази и отвореност за примена на искуства од Македонија во ЕУ-интеграциите.

На средбата се разговараше и за можноста за реализација на средба на највисоко премиерско ниво.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка...

Македонија2 часа

Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис...

Македонија6 часа

Мажот од Кочани, кој почина од западнонилска треска, дал податок дека не патувал никаде

Мажот од Чешиново-Облешево, кој почина од западнонилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно...

Македонија7 часа

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на...

Македонија8 часа

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски: „Тој провоцира, ги известивме партнерите“

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја нарече земјата „нецивилизиран...

Европа10 часа

„Путин знае дека НАТО е најсилниот воен сојуз во светот, затоа и не влегува во конфликт, алијансата нема да биде вовлечена во војна“

Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг ги отфрли како „лажни“ тврдењата дека одлуката на сојузниците да и дозволат...

Свет10 часа

(Видео) Неверојатна снимка токму во моментот на нападот: како изгледаше Бејрут кога се активирале пејџерите

Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимаше директен пренос од панорамата на Бејрут, главниот град на Либан, кога точно во 15 часот...

Европа11 часа

(Видео) Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“

Домовите се евакуирани во северниот италијански регион Емилија-Ромања бидејќи бурата Борис, која од минатата недела однесе најмалку 24 животи во...

Свет11 часа

Јапонската компанија: Овие воки-токи не сме ги произведувале од 2014 година

Јапонскиот ИКОМ соопшти дека моделот на нивните воки-токи поврзани со експлозиите во Либан бил прекинат пред една деценија и дека...

Свет11 часа

Блискиот Исток се соочува со најголемата војна во последните 50 години, предупредува саудискиот амбасадор

Блискиот исток е најблиску до регионална војна во последните 50 години, предупреди саудискиот амбасадор во Велика Британија. Принцот Калид бин...

Свет11 часа

„Ирански хакери краделе информации за кампањата на Трамп и ги испраќале до луѓето на Бајден“

Ирански сајбер актери испратија е-пошта во текот на летото до луѓе вклучени во тогашната кампањата за реизбор на американскиот претседател...

Македонија22 часа

Од денеска нема да има загарантирани работни места на Албанците и другите немнозински заедници, честито Таравари, велат од Алијанса за Албанците

По предупредувањата на претставниците на моноетничката Влада, Мицкоски, Димитриевски, Таравари, денеска Уставниот суд направи голем чекор од проектот за деалбанизација...

Македонија23 часа

„Вреди“за „балансерот“: Одлуката нема да смени ништо за правата на Албанците, но е инспирирана од криминалните структури на претходната власт за создавање дестабилизација

„Вреди“ остро реагира на одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и замрзнување на т.н....

Македонија1 ден

Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“

Уставниот суд денеска поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за...

Свет1 ден

(Видео) Нови експлозии во Либан: експлодирале воки-токи

Воки-токи користени од либанската група Хезболах експлодирале во средата доцна попладне во јужниот дел на земјата и во јужните предградија...

Македонија1 ден

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

И покрај поднесениот обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за...

Топ1 ден

Кривични против осум лица и три фирми по несреќата на автопатот Скопје – Куманово кога загинаа татко и син

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и...

Македонија1 ден

Мицкоски патува во Брисел: Ќе ја пренесам фрустрацијата на народот, пречките за ЕУ се вештачки наметнати

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани,...

Свет1 ден

Будимпешта се подготвува за поплави – се поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, за викендов најавена опасноста

Во градовите северно од Будимпешта властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за...

Свет1 ден

(Видео) Објавена првата снимка од остатоците на подморницата „Титан“

Првата снимка од подморницата „Титан“, направена по нејзината смртоносна имплозија во јуни 2023 година, беше објавена вчера на јавната расправа...