Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ објави рецесија во Македонија

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ објави рецесија во Македонија бидејќи, според неа, сите економски показатели укажувале на тоа.

dobivaj vesti na viber

„Извозот е намален, индустриското производството исто така, а домашниот бруто-производ за последниот квартал е намален 1,8 процент. Овие податоци ги потврдуваат сите релевантни меѓународни економски институции ,како Светската банка и ММФ.

Благодарение на политиканството на СДС и прекинот на сите капитални инвестиции што ги започна ВМРО-ДПМНЕ, градежната индустрија доживеа вистински шок и набргу ќе реагира преку отпуштање голем број работници. Директен виновник за рецесијата во Македонија се СДС и црната економска тројка Тевдовски, Заев и Анѓушев, кои работат за свои лични интереси, а не во интерес на граѓаните.

Додека тие ги бројат своите милиони, кои ги чуваат во странски валути бидејќи инфлацијата за август изнесува 1,9 процент, граѓаните се плашат за своите работни места и плаќаат повисоки цени за сите производи. Овие податоци се потврдени и од НБРМ, која излезе со процена дека инфлацијата ќе продолжи да расте. НБРМ излезе со став дека БДП до крајот на годината ќе падне од 0,5 отсто до 0,9 отсто. Платите и пензиите не растат во согласност со трошоците за живот како што ветуваше СДС, напротив, пензиите не пораснаа, а просечната плата што СДС ветуваше дека ќе изнесува 500 евра, откако е на власт, се намали 0,7 проценти.

СДС планира дополнително да ги зголеми давачките. Повисоките даноци и придонеси ќе остават голем број работници на улица, а ќе ја намалат куповната моќ на оние малкумина што ќе ги задржат своите работни места. Инкохерентните економски политики, на моменти невротични без конкретен правец, ги плашат и бизнис-секторот и граѓаните. Неспособноста на Тевдовски и СДС ја плаќаат граѓаните, а најпогодени ќе бидат социјално ранливите категории граѓани кои се на работ на сиромаштијата.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека во Македонија може да има економска благосостојба и континуиран раст на економијата. БДП на Македонија со правилни економски политики растеше и во услови на една од најголемите економски кризи во поновата историја. Во тој период невработеноста се намали повеќе од 12 проценти, а просечната плата порасна од 12 илјади на 22 илјади денари. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека со работа, правилни економски политики и Македонија, пред сè, државата може да биде економски стабилна и силна“, тврдат од оваа партија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Свет34 минути

Трамп со денешната одлука го менува светот: ова се трите најважни прашања

Доналд Трамп вели дека царините доаѓаат. Таа порака од американскиот претседател останува конзистентна. Но кои царини и кога? Увозните даноци...

Македонија2 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија3 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски освен со сликање со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија3 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир е нормалзиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија3 часа

Град Скопје: Одржување на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност по населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија12 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија14 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија15 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија16 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија17 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија17 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија18 часа

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија19 часа

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија20 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...

Свет22 часа

(Видео) Масовни кремирањa, сè мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето клекнати на улица и плачат

Сè послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...

Македонија22 часа

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати,...

Македонија23 часа

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во...

Регион24 часа

(Видео) Грција ја зафати невидено невреме, уништени омилените туристички места, владее хаос

Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во оваа земја. Некои од најубавите...