Daily news
По „Ќосето“, следни за отстранување „Александар“, „Филип“ и портата „Македонија“

По отстранувањето на спомениците „Ќосето“ и „Мајка Тереза“, следни за отстранување се „Александар“, „Филип“ и портата „Македонија“. Во овие случаи е утврдено дека има директно кршење на Уставот на државата и поради тоа, тие ќе треба да бидат отстранети. Ова е евидентна нерегуларност што е утврдена кај овие предмети пред Комисијата за „Скопје 2014“ при Министерството за култура. Ревизијата се врши детаљно и се опфќаат сите аспекти на нерегуларност во врска со проектите. Во подготовка се детаљните елаборати за горенаведените споменици и за портата, но кај нив е утврдено кршење на законот и Уставот, така што натамошната ревизија е излишна и тие треба да бидат отстранети, дознава „Макфакс“.
„По завршувањето на комплетните елаборати за спомениците „Ќосето“ и „Мајка Тереза“, каде што беше утврдена нерегуларност од повеќе аспекти„ и беа приоритетни пред Комисијата за Скопје 2014“, следни на увид се „Александар“, „Филип“ и портата „Македонија“. Во овие случаи најгрубо е прекршена основната законска регулатива, односно Собранието не одлучувало за нив иако така наложува законската постапка. Со тоа е прекршен Уставот и затоа ќе мора бргу да се реагира. По завршување на елаборатите, како што наложува постапката на Комисијата, тие ќе треба да бидат отстранети“, ни изјави Мирослав Грчев, претседател на Комисијата за „Скопје 2014“.
Што се однесува до Музејот на македонската борба, сè уште не е дојден на ред пред оваа Комисија, иако за неговата одржливост и оправданост на постоењето во неколку наврати негативни изјави имаше министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. Првите увиди покажуваат дека за неговото отворање се почитувани законските постапки, но неговата иднина ќе биде решена по детаљните анализи.
Оваа петчлена Комисија, која е формирана како помош за разгледување на штетноста од објектите на проектот „Скопје 2014“, како што ни рече Грчев, работи со бавна динамика поради преголемиот обем на објекти и споменици што ќе треба да се разгледаат.
„Работиме исклучително внимателно и детаљно, а навистина има премногу за разгледување. Таму каде што кршењето на законот е очигледно, можеме да реагираме побргу, но има многу проекти каде што се правени перфидни бандитизми и тие бараат повеќе време за да се утврдат“, ни рече Грчев.
(А.В)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.