Контакт

Daily news

„Фолтин“ свиреше за реевалуација на Железничката зграда

Објавено пред

Фестивалот за современи уметности АКТО, кој се одржа викендов во киното „Култура“ и во Железничката зграда во Скопје, понуди повеќе содржини: перформативно-истражувачки процеси, саем за независни музички изданија и музичка програма со неколку ДЏ-сетови.
Фестивалот веќе некое време во континуитет има цел да мапира простори што некогаш биле во функција на граѓаните и културниот живот, а сега стојат напуштени и неискористени и покрај целиот потенцијал повторно да бидат управувани од граѓаните за нивните потреби. По акцијата за ревитализација на Офицерскиот дом во Битола, фестивалот АКТО се пресели во Скопје, каде што преку својата програма го сврте вниманието кон Железничката зграда на улицата Борка Талевски како едно уникатно културно наследство кое останало подзаборавено во текот на изминативе децении.

dobivaj vesti na viber

Проектирана од архитектот Михаил Дворников и изградена кон крајот на четириесеттите години, оваа зграда првично била наменета за луѓето вработени во Државната дирекција за железници – Скопје, по што и го добива името Железничка зграда. Распореденоста на становите околу еден заеднички централен двор, како и просториите наменети за колективни друштвени активности на станарите, како, на пример, киносалата на еден од горните катови на зградата, имаат цел да воведат еден вид интегрирано живеење и намалување на чувството на изолација.

Перформативно-истражувачкиот процес со наслов „Кога зградите би зборувале“ во авторство на Филип Јовановски на интересен начин ја раскажа приказната за историското значење и уникатиот концепт на Железничката зграда, и тоа преку комбинација од актерска игра и директно учество на некои од станарите, кои на публиката ѝ овозможија буквално да влезе во неколку станови и низ разговор со нив од прва рака да го доживее автентичниот дух на зградата. Оваа перформативно-истражувачка претстава премиерно се случи во склоп на придружната програма на годинешниот МОТ, а оваа сабота беше централен настан на 12. издание на фестивалот за современи уметности „Pop Up AKTO акција“.

Актерскиот тим, во состав Кристина Леловац, Тамара Ристевска, Ивана Павлаковиќ, Јасмина Василева и Благој Веселинов, ги прошета гледачите низ комплексот запознавајќи ги со редица интересни историски синхроницитети што се случиле токму на таа локација. Турата заврши симболично во старата киносала во која порано редовно се одржувале проекции на филмови за станарите. Иако има одличен потенцијал, салата веќе одамна стои празна и запуштена, без никаква функција.

За крај на перформансот актерите ги воведоа гледачите токму во таа сала, каде што се одржа концерт на „Фолтин“ со цел барем на момент просторот повторно да заживее.  Овој пат како интернет-проект „Дејви Д Боуви и паднатите од Марс“, „Фолтин“ изведе препеви на песни од Дејвид Боуви, а за крај отсвире нешто и од својот репертоар.

Сите се согласија дека е жално простори со таков автентичен дух и потенцијал да се остават на забот на времето ,без да им се најде соодветна функција.

Филип Јовановски, автор на перформансот, вели дека се надева оти овој простор ќе заживее повторно, а идејата на перформативно-истражувачкиот процес „Кога зградите би зборувале“ е да ја ангажира локалната заедница при адресирање на прашањето за јавното и заедничкото  наспроти приватните интереси.

„Железничката зграда како културно наследство од 1946 година, со уникатни решенија за колективно домување, директно се соочува со непогодите во овие неколку децении. На симболично, како и на репрезентативно ниво, оваа зграда е соочена со неуспесите на одржувањето на мноштвото во активен однос, при што се поставува прашањето – колку е важна и каде е загубена дијалошката структура во заедничките простори?“, вели Јовановски.

Станарите, пак, се жалат дека иако честопати реагирале до надлежните институции дека автентичниот изглед на објектот пропаѓа поради непрописните доградби што ги нарушуваат оригиналниот изглед и функцијата на зградата, ништо ефективно не е преземено во тој поглед. А фасадата веќе одамна стои распадната и необновена.

Порано оваа зграда беше препознатлива. Сега луѓето во Скопје не ни чуле за неа!,  велат станарите.

„Кога зградите би зборувале“ е дел од регионалната иницијатива за реевалуација и зачувување на културните наследства во Белград, Загреб и во Скопје“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Трамп воведува царини од 104 отсто за Кина

Во среда, претседателот на САД Доналд Трамп ќе воведе дополнителен данок од 84 отсто за сите кинески увозни производи, објави...

Регион6 часа

Кој им дозволил на Вучиќ и новинарите да влезат кај пациентите од Македонија: студентите бараат одговорност

Народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои...

Македонија8 часа

Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија,  Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно...

Топ9 часа

Селанецот во Кривопаланечко убиен, па запален за 100 евра, зад убиството стојат двајца млади браќа

Двајца браќа се осомничените за убиството во Луке, кривопаланечко. Тие се на возраст од 20 и 25 години, а убиениот...

Македонија10 часа

И јас и Таравари вчера избегавме од ДУИ, сега преговори со нив значат испорачување фактури од ДУИ, вели Меџити  

Сите коалиционери во „Вреди“, освен министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, сметат дека единствена опција...

Македонија12 часа

Мицкоски бара нова пресуда за прегазената Теодора во Тетово: „Ова не е правда“

Премиерот Христијан Мицкоски побара да се разгледа работењето на судијата во Тетово, кој вчера досуди две години затвор за возачот...

Македонија12 часа

Четворица повредени во пожарот во Кочани ќе бидат отпуштени од болницата во Софија

Четворица пациенти, кои се лекуваат во болницата „Пирогов“ во Софија, Бугарија, денеска ќе бидат отпуштени од болница, изјави Маја Аргирова,...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче во Брисел: Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени

Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување,...

Топ15 часа

Кривични против три лица од Струмица: грабнале 32-годишна жена

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради...

Европа15 часа

Трамп ја одби понудата на ЕУ: „Не, тоа не е доволно“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од...

Свет15 часа

(Видео) Се активира вулкан на Филипините, пепелта се издигна на речиси 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција

Продолжува ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините, а колоната од пепел се издигна на околу 4.000 метри...

Свет17 часа

Кина одговори на заканата на Трамп за нови царини: Ќе се бориме до крај

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа“ на американскиот пристап и вети дека ќе...

Европа17 часа

Зеленски првпат потврди дека украинските сили се наоѓаат во руската област Белгород

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат потврди дека украинските трупи се активни во рускиот регион Белгород за да ги...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Газа е неверојатно вреден недвижен имот, би било добро да го поседуваат САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека сака САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа, опишувајќи ја палестинската енклава...

Македонија1 ден

Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Нејзинита...

Македонија1 ден

29-годишниот Aлександар е 61. жртва на пожарот: имал 35 отсто изгореници од трет степен

Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, е 61. жртва на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Тој почина денес...

Македонија1 ден

Потребни се итни акции за спас на Преспанското Езеро, клучна соработката со владите во Грција и Албанија

Првиот вицепреммиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија „Рамсар“, предводена...

Македонија1 ден

Очигледно, направена е некаква грешка, рече Мицкоски за царината од САД, очекува бргу да се коригира

Премиерот Христијан Мицкоски очекува бргу да се коригира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон Македонија од 33 отсто....

Македонија1 ден

Се зголемува капитацијата за матичните лекари, за гинекологија и за стоматологија

Владата донесе одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори по општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април...

Македонија2 дена

Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ

Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на...