Судот во Велес ги ослободи браќата Ордан и Љупчо Георѓиевски, кои беа обвинети дека го убиле 72-годишниот старец од велешкото село Ореше. Во случајот кој траеше речиси една деценија, познат во јавноста како „Ореше“, зад решетки завршија судии, обвинители, адвокати, како и судија од Врховниот суд и новинарот Томислав Кежаровски.

dobivaj vesti na viber

Во обвинителната пресуда пишуваше дека Ѓоре Петровски сакал да му се одмазди на убиениот Лазо Милошевски бидејќи сметал дека пред повеќе години пукал во него и го ранил. За ова Петровски телефонски ги најмил браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски, кои беа обвинети дека го извршиле убиството за 20 илјади долари.