Контакт

Daily news

(Видеоинтервју) Ѓорѓи Лазаревски: Звонко е јунак што ги извади бомбите, влезе во канџите на системот и го уништи однатре    

Објавено пред

Ѓорѓи Лазаревски е еден од двајцата вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, кои ги спакуваа таканаречените „бомби“ кои што го разобличија 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Лазаревски за „Макфакс“ зборува за работите кои и него, како вработен во УБК, го фрапирале кога ги открил.

Како се случи да се најдете во улога на укажувач за прислушуваните разговори?

dobivaj vesti na viber

-Решивме да собираме докази дека тоа се случува бидејќи како ќе докажеш дека нешто се случува ако немаш докази. А цело време размислувавме како да го пријавиме, а тоа да биде безбедно, без да бидеме загрозени, и сметавме дека е подобро да се чека. И во тоа чекање решивме да се вклучи нашиот поранешен директор, за среќа тој прифати и почна и да ги истражува сознанијата од тоа што е внатре, од тоа што ние го собиравме. Нас прво ни беше целта да собереме докази дека тоа илегално се прави, а потоа се фрапиравме од фактот дека тие меѓусебно се контролираат и всушност во тие разговори што ги водат меѓусебно дека има сериозни докази за криминал. И како полицајци, сите поранешни или сегашни, професионалниот инстинкт ни кажуваше дека тоа мора да се истражи, да се документира, да се направат досиеја и да се чека моментот кога тоа ќе се употреби на суд. Значи нас уште во стартот ни беше целта ова да оди на суд, а се надевавме дека ќе дојдат некои подобри времиња, дека ќе се смени нешто, дека ќе дојдат луѓе кои што ќе можат професионално да ги обработат тие досиеја кои што ние ги спремавме.

Кога сте го пријавиле прислушувањето  во Македонија вие сте биле сослушувани и од  еден обвинител кој што се наоѓал во МВР?

-Јас побарав да дојдам во МВР да расчистиме каков е мојот однос со Верушевски и мислам дека тие што го организираа мојот разговор, се надеваа дека јас ќе негирам дека воопшто имам некаква врска со Верушевски. Тоа беше толку страшно како беше тој обвинет, што тие беа сигурни дека јас ќе речам дека не го познавам, не знам. Јас не можев да го сторам тоа. Човекот беше таму заради мене. Да не му кажев јас што се случува, тој немаше да дојде во таа ситуација. Јас не можев, како човек, да го оставам да биде обвинет за нешто што всушност заедно сме го правеле, а јас да не бидам тука до него. За жал мораше да биде откриено дека и Звонко е инволвиран. Звонко си го потврди истото што го кажав јас и ние си ја зборувавме вистината. Што се случуваше со нас, беше во рацете на тие што ја водеа истрагата. За жал по мене истрагата не ја водеа обвинителите туку се водеше на многу повисоко ниво. И кога имате таков, да речам, обвинител кој што мисли дека знае се, смислија едно сценарио што беше толку провидно, што веднаш падна во извештајот на Прибе. За на Ѕвоно пресудата имаше цела една страница во извештајот на Прибе. Се беше објаснето. А истовремено додека тие спремале приказна за жолти комбиња и дека Верушевски кој знае од каде ги добил тие материјали, беа принудени да признаат дека двајца луѓе вработени во Петта управа се инволвирани во целиот случај и дека материјалите потекнуваат од Петта управа. И потоа кога викате и со жолто комбе и од Петта управа веќе испаѓате смешни и полека, полека оваа приказна испадна, буквално, на Звонко спогодбата и пресудата го уништија целиот систем. Звонко е јунак што ги извади бомбите и јунак што влезе во канџите на системот и го уништи од внатре. Ние немавме доказ дека обвинителството работи сè што ќе му кажат, а убаво се гледа со таква  небулозна спогодба и пресудa дека луѓето сами се закопаа.

Каква очекувате да биде одлуката на Врховниот суд каде постапката е заглавена повеќе од година дена?

-Заглавено е месец и пол откако се одржа јавната седница и ги собраа сите неопходни елементи само за да ја напишат одлуката. Која е причината што таа одлука не се пишува, не знам. За мене Звонко е слободен човек, тешко живее. Не е пријатно да се движиш по улица и да не знаеш кој ќе ти пријде. Знам дека му чукале по врата секакви типови, дека го малтретирале. Како преживеа и тој и неговото семејство нека му е алал, многу ми е криво, едвај чекам да го видам како слободен човек и слободно да се дружиме да си разговараме, едноставно заедно да ја довршиме оваа тажна етапа од нашиот живот, но искрено се надевам дека отсега натаму свиркачите ќе добијат многу подобар третман од државата и дека ќе бидат охрабрени и на некој начин мотивирани да пријавуваат што може повеќе. Свиркачите се тие кои што ја контролираат апсолутната власт. Ние бевме многу блиску до диктатура. Можеби и бевме ама тоа што се спремаше да стане беше апсолутизам тежок, и не смеевме да дозволиме никогаш повеќе да се повтори.

В. Маглешов

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија1 час

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија2 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија3 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија4 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија4 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет5 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија5 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет7 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет7 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион7 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет7 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа7 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет8 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија20 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија23 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 ден

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 ден

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија1 ден

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...